Двегодишната Данка е убиена, уапсени две лица -телото фрлено на депонија

Две годишната Данка по која Србија и регинот трагаа десетина дена е убиена. Била прегазена со службен автомобил на комунално претпријатие од двајца вработени, кои телото на малото девојче го фрлиле на депонија.

Тага до небо – трагичен крај на 10-дневната потрага по малата Данка, за чие пронаоѓање се обедини целиот регион. Српската полиција уапси двајца мажи од Бор осомничени за убиство на 2-годишното дете во своевиден пресврт околу причините за нејзиното исчезнување.

Двајцата осомничени се на возраст од 50 години и биле вработени во јавното претпријатие Водовод во Бор.

Кобниот ден со службен автомобил Фијат Панда ја прегазиле Данка недалеку од куќата кај Бањско поле, а потоа во обид да го сокријат случајот, во бесвесна состојба ја ставиле во гепекот и ја однеле во блиска дива депонија кон Брестовац, каде го фрлиле телото.

-Во текот на возењето, се договориле телото на детето некаде да го фрлат, а по пат во 13.57 часот ги застанал таткото на девојчето кој бил во автомобил и ги прашал дали го виделе девојчето, на што одговориле негативно. Не одведоа до депонијата да ни покажат каде го фрлиле телото, но ние имаме сознанија дека еден од нив се вратил, на 28 март и го префрлил телото на друга локација. Не можеме да им веруваме затоа што еден со друг си ја префлраат вината. , изјави Братислав Гашиќ, министер за внатрешни работи на Србија.

Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ паднале на полиграфското тестирање, го признале делото, но каде е телото на Данка останува мистерија. Снимките од терен покажуваат како со тешка механизација се пребаруваат неколку локации. Во потрага по телото, група полицајци упаднаа и во домот на еден од осомничените, каде се прекопуваше дворот.

Веста за трагедијата, која според полицијата се случила само седум минути по пријавата на мајката за исчезнувањето на детето, ја соопшти претседателот Вучиќ, откако во коверт му беше донесена за време на денешната владината седница.

-Имаме лоши вести, за нашата мала Данка од Бор. Полицијата уапси две лица, за кои колку што разбирам, извршиле убиство. Со какви монструми ние си имаме работа. , изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија

Во трескавичната потрага по Данка, која во најголем дел беше фокусирана во поширокиот регион на Бор, беа вклучени неколку илјадници полицајци со кучиња трагачи, дронови и хеликоптери, пожарникари, ловци, рудари, доброволци, но не успеаја да го пронајдат девојчето. Надежта повторно се разбуди пред неколку дена кога се појави снимка од девојче во Виена кое многу наликуваше на Данка, но вчера беше потврдено дека се работи за друго девојче.

Државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба

Државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба во дом на Пелопонез

Државјанин на Македонија, кој издржувал затворска казна, но по добиената неколкудневна дозвола за излез пред три месеци, не се вратил во затвор, уапсен е во централниот дел на Пелопонез по извршена кражба во дом заедно со уште едно лице, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за 45-годишен маж со „богато“ криминално досие во Грција, а во грчките медиуми и во минатото се споменуваше, но и сега дека учествувал во киднапирањето на бродосопственикот Периклис Панагопулос, во јануари 2009 година.

Како што соопштија од грчката полиција, двајцата, сега веќе уапсени странски државјани, вчера наутро насилно влегле во дом во општина Триполи на Пелопонез, под закана со оружје (реплика) и нож и со употреба на сила нападнале три лица, ги врзале, одзеле поголем износ на пари и накит, а потоа побегнале.

Едниот веднаш бил уапсен, додека пак другиот успеал да побегне, но по организираната акција на полицијата бил пронајден во планинско подрачје.

Двајцата се товарат за учество во криминална организација, кражба, фалсификување, фалсификување потврди, за прекршување на законската регулатива за поседување оружје, додека пак 45-годишниот е обвинет и за бегство од затвор.

Уапсените се превезувале со изнајмен автомобил на кој му ставиле украдени регистарски таблици, а при претресот на возилото било откриено оружјето, како и фалсификувани лична карта и возачка дозвола изадени во Хрватска.

Кај двајцата биле пронајдени и украдените пари и накитот.

-Како што беше констатирано, уапсениот 45-годишен маж од 25 јануари 2024 година ги прекршил условите за дозволата за излез што му беше доделена од Управата за затворот, соопштија од грчката полиција.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, едниот уапсен е Албанец, а другиот, 45-годишниот е државјанин на Македонија, кој издржува затворска казна за кражби на банки во Грција, извршени пред над десет години, а неговото име се споменува и во киднапирањето на грчки бродосопственик пред 15 години.

Најмалку 31 загинат и 20 ранети во израелскиот напад врз бегалскиот камп Нусеират

Во израелскиот воздушен напад врз бегалскиот камп Нусеират во централниот дел на Појасот Газа загинаа најмалку 31 лице, а 20 се ранети, соопштија денеска болницата Ал Акса и очевидци. 

Во соопштението на Цивилната одбрана се вели дека „тимовите на цивилната одбрана пронашле 31 мртво лице и 20 ранети лица во куќа на семејството Хасан кое било цел на израелските окупаторски сили во кампот Нусејрат“, додавајќи дека потрагата по исчезнатите продолжува.

Очевидци изјавија дека нападот бил извршен околу 3 часот по локално време. Израелската војска соопшти дека го проверува извештајот.

Официјалната палестинска новинска агенција објави дека меѓу ранетите има неколку деца и дека спасувачките екипи трагаат по затрупаните луѓе во урнатините.

Израелската војска вели дека спроведува само целни операции. /МИА

Крива Паланка и Менемен, Турција отпочнаа постапка за збратимување

Како прва збратимена општина во историјата на турскиот град Менемен, Општина Крива Паланка наскоро ќе биде побогата за уште една збратимена општина.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, заедно со делегација од општината и со Фатон Хасани, национален координатор за дијаспората на Република Македонија и градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, се во официјална посета на неколку турски градови, меѓу кои и на Менемен, на покана на градоначалникот Ајдин Пехливан.

-Токму Општина Крива Паланка ќе биде првата збратимена општина на Менемен, а постапката за збратимување е веќе отпочната и наскоро ќе се официјализира при нивната посета на нашиот град. Инаку, она што ми е посебно драго е што во Менемен бевме пречекани со македонска музика, а покрај во општината, присуствувавме и на низа свечености во градот кој станува член на нашето големо семејство збратимени и пријателски градови, информира градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Во рамки на неколкудневната посета на Турција, по повод прославувањето на 19 Мај и свеченостите посветени на националните турски херои и Мустафа Кемал Ататурк, покрај во Менемен, Митовски, заедно Асани и Стојановски, остварија официјална посета на неколку турски градови, кадешто наидоа на одличен пречек.

Делегацијата гостуваше кај градоначалниците на град Измир, Џемил Тугеј, на Општина Чили, збратимена општина на Чашка, Онур Емрах Јилдиз и на Општина Тургутлу, Четин Акин.

-Новите пријателства отвораат нови можности и перспективи за соработка во иднина.Меѓународната соработка отвора врати за нови проекти и трајни вредности меѓу нашите два пријателски народи, додава Митовски.

притисни ентер