DW: Ќе го издаде ли Трамп Западот?

Што сакаат да постигнат Доналд Трамп и Владимир Путин? Дури и пред самитот во Хелсинки, јасно е дека американскиот претседател би можел да ја жртвува целата западна алијанса, изјавува Кристијан Трипе.

Доналд Трамп сака со Владимир Путин да разговара во четири очи. Само тие двајца и еден преведувач. Значи, на состанокот нема да има политички советници ниту протоколарни лица. Така сака Белата куќа – и со тоа го крши основниот принцип на таквите самити, кои се повеќе од обична навика. Со тоа Трамп поттикнува недоверба и длабоки стравови меѓи оние кои се сметаат загрозени од страна на Русија и кои се сомневаат во помошта која им ја гарантира западната алијанса.

Трамп и Путин се слични луѓе. Двајцата се гледаат себе си како “силни мажи“ во хаотичниот свет, а заедниците кои ги водат двајцата првенствено ги сметаат за моќни држави.

Путин одамна се стилизираше како лидер на оние сили кои се одлучно антилиберални.

Трамп од друга страна, сака да ја игра улогата на разурнувач на оние либерални институции кои на светот му донесоа ред после епохалните пресвртници од 1945 и 1990 година.

Двајцата во повеќе наврати изјавија дека се почитуваат еден со друг и покрај сите судири на интереси.

Тоа не е добро за состанокот во Хелсинки, бидејќи хоризонтите на очекувањата се премногу различни. Како што беше често претходно, Американецот го бара вниманието на медиумите, средба на големата сцена, тапкање по рамењата – сака да го запрепасти светот.

А своите политички цели доколку воопшто ги има – Трамп ги држи во тајност.

Меѓутоа, Русинот има обемен програм: Путин сака несметано да агитира во Украина, која ја смета за руска зона на влијание и на која и признава само ограничен суверенитет. И на крајот, тој бара од Западот да ја признае окупацијата на украинскиот Крим од пред четири години.

ЕУ и САД поради Крим и наметнаа на Русија санкции и Путин би сакал да се ослободи од нив.

Но, сепак останува нејасно како Путин може да ги спроведе тие цели со својот американски колега. Додека Трамп патува по Европа, еден специјален истражител во САД подигна обвиненија против дванаесет руски агенти – поради сомнение дека пред две години се мешале во претседателските избори во таа земја.

Русија веќе долго време е под сомнение дека му помогнала на Трамп во неговата изборна кампања: хакерски напади, кражба на информации, влијание на избирачите во САД со кампањи на социјалните мрежи.

Нема сомнеж дека Доналд Трамп беше најпожелниот кандидат на Кремљ. Но, дали е тој автоматски и “негов“ претседател? Одговор не зависи само од тоа дали Кремљ има нешто што може да го употреби против Трамп, односно дали постои некои компромитирачки материјал подобен за политичка уцена. За тоа често се шпекулираше: понекогаш се зборуваше за аферите на Трамп во ноќните клубови во Москва, понекогаш за бизнис контакти во Њујорк.

Овие приказни од претходниот живот на Трамп се сензационалистички, но сега за сега се само шпекулации.

Тие не би смееле да го свртат вниманието од вистинската политика која ја води “вистинскиот“Доналд Трамп. Кој е груб спрема своите НАТО сојузници, како што е Трамп, тој работи за противниците на Западот.

Претседател на САД кој се заканува дека ќе го напушти НАТО е подарот за секој руски претседател.

Дали Путин во Хелсинки ќе му се заблагодари за тоа на Трамп? Ние никогаш нема да дознаеме: Трамп многу добро знае зошто не сака разговорот со Путин да се снима.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер