Кречмар како лево крило на два пати беше прогласен за најдобар ракометар на светот (1994 и 1995), а по завршувањето на кариерата стана спортски коментатор. Ракометот очигледно веќе му здодеа , па влезе во базен.
,,Да вистина е. Ги подготвувам дечките за титула светски првак”, изјави 46 – годишниот спортист. Во младоста , Штефан паралелно тренирал ракомет и ватерполо , а сега како ветеран игра ватерполо за тимот од Лајпциг.