Една година од бегството на Груевски – многу прашања, малку одговори

Обвинителството веднаш отвори предистражна постапка, но до денес резултат нема.

Точно пред една година на денешен ден Никола Груевски ја напушти Македонија, а два дена подоцна откако беше распишана национална потерница по него заради издржување на двегодишната затворска казна поранешниот премиер преку Фејсбук се огласи дека се наоѓа во Будимпешта каде побарал азил. Но, точно како и со чија помош избегал се уште не е познато.

Обвинителството веднаш отвори предистражна постапка, но до денес резултат нема.

“ Во изминатиот период се сослушани 56 лица, воедно до повеќе надлежни институции е доставено барање за податоци во насока дали имале сознанија дека сега осудениот Груевски се подготвува за бегство и сите институции одговорија дека немале такви сознанија ниту информации. До овој момент не е утврдено постоење на кривична одговорност.” - велат од ЈО.

Вината за бегството со месеци си ја префрлаа судот, СЈО и финасовата полиција, МВР. Нејасно остана како ниту една инситуција не забележала и не реагирала кога Груевски неколку недели пред бегството повлекол околу 200 илјади евра од банкарските сметки во земјава.

Во меѓувреме се развија многу теории како тој ја напуштил државава. За институциите несомнено е дека Груевски излегол од Албанија кон Црна Гора, а потоа преку Србија се упатил до Унгарија, но како ја поминал границата со нашиот западен сосед се уште е мистерија....

„Во текот на ноќта на 11 ноември, некаде меѓу еден и два часот, лицето Никола Груевски влегло на албанска територија во придружба на две лица од унгарска националност,” изјави Александар Вучиќ – Претседател на Р. Србија (19.11.2018 ).

Премиерот Заев во јуни годинава за еден германски весник изјави дека Груевски се сокрил во багажник на автомобил и така бил пренесен во Албанија, каде го чекало унгарско дипломатско возило. Но оваа изјава на Заев, повторно преку Фејсбук ја демантираше Груевски.

„Јас знам дека во животот напамет не ми паднало да влегувам во багажник за било какви цели. Вистината ја знае и Заев. Заминав бидејќи во Македонија се водеа политички мотивирани процеси против мене.”

Засега фотографијата на Груевски се уште стои на веб страната на МВР во полето на потраги – со назнака за меѓународна потерница. Во меѓувреме, додека во македонскиот Кривичен суд се уште се водат постапки против него, поранешниот премиер според тоа што може да се види на фотографиите и снимките кои излегоа во медиумите во Будимпешта живее лагоден живот.

Ѓорческа на стартот од квалификациите на Ролан Гарос против Рувруа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во следната недела ја очекува настап на квалификациите на Ролан Гарос. 

На денешната ждепка за квалификациите македонската тенисерка за противничка во првото квалификациско коло ја доби домашната тенисерка Французинката Марго Рувруа.

Рувруа има 23 години и се наоѓа на 277. место на ВТА листата и во квалификациите настапува со вајлд карта. Нејзиниот најдобар пласман во кариерата е на 231.то место остварен на 15.јаниари 2024 година.

Ова е втор настап на Грен слем турнир оваа година за Ѓорческа откако претходно беше дел од квалификациите на Австралија Опен во Мелбурн.

Нашата тенисерка веќе неколку дена се наоѓа во Париз и тренира на терените на Ролан Гарос.

Мечот Ѓорческа – Рувруа ќе се игра во вторник. /МИА

Во Тунис собир за поддршка на претседателот Сајед

Неколку стотици луѓе денеска се собраа во главниот град на Тунис во знак на поддршка на претседателот Каис Сајед, по неодамнешните апсења на новинари, адвокати и други дисиденти и јавни личности.

Меѓународната заедница ги осуди апсењата во Тунис. Пред неколку дена Обединети нации и Европска Унија бран апсења го оценија како незаконски, но Сајед секоја меѓународна критика ја нарече „мешање од странство“ и му нареди на Министерството за надворешни работи да ги покани на разговор амбасадорите на неколку земји.

Демонстрантите денеска носеа транспаренти со натпис „Нема странско мешање, бидејќи ние сме суверена држава“.

Туниското граѓанско општество го осуди неодамнешното задушување на владините критичари додека земјата се подготвува за претседателските избори оваа есен.

Изминатите денови беа уапсени неколку експерти, новинари, адвокати и претставници на граѓанското општество. Покрај тоа, околу 40 личности, меѓу кои и осум политички противници на Сајед, поранешни министри и бизнисмени, беа приведени како дел од истрагата за „заговор против државната безбедност“./МИА

Одиграни мечевите од првото квалификациско коло на „Macedonian Open 2024“

На терените на ТК Југ во Градски парк, денеска стартуваа мечевите на годинашново издание на „ATP Challenger 75 турнирот Macedonian Open 2024“. Во првото квалификациско коло настапија и четири македонски тенисери, кои се елиминирани. 

Најискусниот играч на турнирот македонскиот тенисер Димитар Грабул одигра меч против младиот хравтски тенисер Лука Микрут од кого загуби со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4). Мечот траеше 88 минути, притоа дури осум гема беа решени на разлика, а во вкупниот број поени биланост беше 77:65 за Микрут, а само еден гем заврши на „0“ и го освои Грабул.

Неизвесен прв сет одигра и Берк Бугариќ, против Жером Ким од Швајцарија, откако ривалот поведе со 5:2 во гемови Бугариќ успеа да изедначи на 5:5, а потоа двата гема ги освои Ким, кој беше сигурен во вториот сет и го освои без загубен гем. Буграиќ загуби со 2-0 во сетови (7:5 и 6:0).

Шендрите Деари го загуби мечот од Лука Павловиќ од Франција со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4), притоа неговиот ривал ги искористи можностите и го доби мечот.

Четвртиот македонски тенисер кој настапи во квалификациите беше младиот Амар Хусеиновиќ, кој загуби од Константин Битон Козмин од Франција со 2-0 во сетови (6:0 и 6:1)./МИА

притисни ентер