ЕК издаде препораки за избегнување на недостиг на антибиотици претстојнава зима

Европската комисија и Европската агенција за лекови (ЕМА) издадоа препораки за мерки и активности со цел да се избегне недостиг на антибиотици што се користат за лекување на респираторни инфекции во текот на претстојната зимска сезона.

- Расположливите податоци сугерираат дека ако побарувачката во следната зимска сезона е слична на просечното ниво на потрошувачка во претходните години, понудата на клучните орални антибиотици за респираторни инфекции ќе ја покрива побарувачката во ЕУ во претстојната зима, посочуваа Европската комисија, додавајќи дека заедно со ЕМА и Европската здравствена организација за подготвеност и реакција при итни случаи (ХЕРА) ќе продолжат да работат на зголемување на понудата на некои интравенски антибиотици.

Препораките и мерките, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, вклучуваат зголемено производството на клучните антибиотици, постојано следење на нивната понуда и побарувачката и зголемување на јавната свест и внимателна употреба на антбиотиците.

- За да се избегне недостигот во претстојната есенска и зимска сезона, ЕМА и ХЕРА препорачуваат зголемување на производството. Раната акција пред есенската и зимската сезона треба да им даде доволно време на производителите да се осигураат дека имаат доволен производствен капацитет за да ги задоволат потребите, посочува ЕК.

Комисијата додава дека заедно со ЕМА и земјите членки на ЕУ ќе продолжат да го следат трендот на побарувачката и понудата на антибиотици.

- Со оглед на тоа што преземените мерки се дизајнирани да обезбедат доволно снабдување, сите засегнати страни се потсетуваат да нарачуваат лекови како и обично, без потреба од складирање. Складирањето лекови може дополнително да ги оптовари резервите и да предизвика или да го влоши недостигот, се додава во соопштението.

Европската комисија апелира и за внимателна употреба на антибиотиците со цел да се одржи нивната ефикасност и да се избегне антимикробна резистенција.

- Антибиотиците треба да се препишуваат само за лекување на бактериски инфекции. Тие не се погодни за лекување на вирусни инфекции, како настинка и грип, каде што не се ефикасни, посочува ЕК, препорачувајќи и кампањи за подигање на свеста на граѓаните и за нивно информирање за користењето на антибиотици.

Од Комисијата додаваат дека ќе продолжат внимателно да ја следат побарувачката и понудата на антибиотици за навремено да откријат какви било неочекувани недостатоци на залихи и да ги преземат сите неопходни мерки, вклучително, доколку е потребно, и организирање заеднички набавки.

Прашањето за набавката на антибиотици за престојната зима ќе биде и една од темите на средбата на Управниот одбор на ХЕРА со претставници на министерствата за здравство на земјите членки, на Европската комисијата и на фармацевстката индустрија закажана за в четврток.

Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа

Бајден рече дека верува оти постигнувањето прекин на огнот со Хамас е најдобриот начин да се заштитат животите на израелските заложници во Газа, наведуваат агенциите, цитирајќи неименуван портпарол на Белата куќа.

Претседателот на САД, Џозеф Бајден, денеска во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повтори загриженоста на САД поради инвазијата врз Рафа, каде што повеќе од милион цивили се засолниле од другите делови на Појасот Газа и побара итно отворање на преминот Керем Шалом кон Појасот Газа со цел хуманитарната помош да стигне до таа палестинска енклава, пренесуваат светските медиуми.

Бајден рече дека верува оти постигнувањето прекин на огнот со Хамас е најдобриот начин да се заштитат животите на израелските заложници во Газа, наведуваат агенциите, цитирајќи неименуван портпарол на Белата куќа.

Разговорот се одржа неколку часа пред Бајден да го угости јорданскиот крал Абдула Втори на приватен ручек во Белата куќа.

Нетанјаху вчера го отфрли меѓународниот притисок за прекин на војната во Газа, велејќи дека ако Израел биде принуден да биде сам, ќе остане сам.

„Им велам на светските лидери: никаков притисок, ниту една одлука на кој било меѓународен форум нема да го спречи Израел да се брани“, рече тој, зборувајќи на англиски и додаде „никогаш повеќе е сега“.

Видео: Потег на годината во УФЦ 301 рингот!!

Бразилскиот боксер Мишел Переира, го изведе еден од најспектакуларните потези во „UFC 301“рингот.

Переира за 54 секунди го победи противникот, Ихори Потиерија, со спектакуларен скок и зафат наречен „гилотина“.

Переира по половина минута најпрвин со одмерена сила го собори Украинецот, а потоа со назад салто се фрли кон него и почна да го удира.

Бразилскиот борец победи за само 54 секунди, но пред тоа изведе неколку спектакуларни потези.

Судијата се обиде да ги раздвои и го прекина мечот, а Украинецот само падна на подот без свест.

Ова беше 31. победа во кариерата за Бразилецот.

Далас го продолжи договорот со Кид

НБА лигашот Далас Маверикс потпиша нов повеќегодишен договор со својот досегашен тренер Џејсон Кид, кој е на нивната клупа од летото 2021 година, јавија денеска американските медиуми.

Во две од трите сезони поминати на клупата на Далас, Кид постигна 50 или повеќе победи во една сезона (52 во сезоната 2021/22 и 50 во тековната сезона) и во двата наврати тимот влезе во плеј-офот и го помина првиот круг.

Пред две години стигна до финалето на Западот, а годинава ќе игра во второто коло против Оклахома Сити, додека минатата сезона тимот потфрли со скор од 38-44.

„Возбудени сме што тренерот Кид ќе продолжи да го води нашиот тим и во наредните години благодарение на заслуженото продолжување на договорот, изјави мнозинскиот сопственик на Далас, Патрик Думонт.

притисни ентер