ЕК: Значаен напредок, зголемени напори и исполнети услови за старт на преговори со Македонија

Во Извештајот на ЕК за исполнувањето на условите за преговори, кој е основата врз која земјите членки на ЕУ треба да одлучат овој месец дали ќе дадат зелено светло, се оценува дека Македонија остварила значаен напредок во сите области.

Европската Комисија му препорачува на Советот да донесе позитивна одлука.

Извештајот треба да се објави најрано денес, а најдоцна до крајот на оваа недела. МИА доби пристап до овој кус документ во кој Европската Комисија го разгледува напредокот во клучните реформски области што ги бараат земјите членки.

Документот заклучува дека со оглед на „значајниот остварен напредок и исполнувањето на условите едногласно поставени од Советот во јуни 2018, Комисијата препорача во својот пакет за проширувањето во 2019 дека Советот треба да започне преговори со Северна Македонија. Општо земено, Северна Македонија ги зголеми своите напори и испорача опипливи и одржливи резултати во клучните области".

Оттука, Европската комисија порачува дека оценката од 2019 не е променета и дека Македонија треба да започне преговори со ЕУ.

Извештајот е фокусиран на судските реформи, судењата за висока корупција, вклучително и случајот со СЈО, безбедносните реформи и реформите во јавната администрација.

Европската комисија смета дека се преземени потребните мерки за зајакнување на независноста на судството и земјата се усогласила со сите европски и меѓународни препораки.

Меѓу успесите се набројани разрешувањето на шестмина судии, вклучително претседателот на Врховниот суд, додека предметите од СЈО се префрлени во редовното Јавно обвинителство, каде се гарантира континуитет на истрагите, стои во документот на ЕК. Законот за ЈО е донесен со двотретинско мнозинство по „интензивни дебати меѓу политичките партии", ги информира ЕК земјите членки.

Земјата „продолжила со проактивни истраги" и пресуди за корупција, вклучително и висока корупција, оценува ЕК и бара да се продолжи по тој пат. Европската комисија забележува дека поради скандалот со Рекет и СЈО, одредени предмети застарија.

Работата на комисијата за спречување на корупција (ДКСК) и нејзиното формирање се поздравуваат во извештајот. ДКСК работи проактивно и без разлика на политичката припадност, иако не сите предмети од ова тело се проследени, главно поради процедурални проблеми помеѓу институциите.

Добар напредок е остварен во реформата на безбедносните и разузнавачките служби, смета ЕК во извештајот, реформите препорачани од експертите се финализирани, ОТА е оперативна и усвоени се „солидни процедури".

Во делот на јавната администрација, напредокот продолжува, и Европската Комисија потсетува дека од суштинска важност да се обезбеди професионалноста и независноста на јавната администрација.

– Во тој поглед, од огромна важност е Владата и ДКСК да продолжат да преземаат мерки за сите наводи за непотизам и вработувања кои не се засноваат на заслуга, вели ЕК./MИА

Реконструирана училишната спортска сала вп ООУ „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров финишираше со реконструирањето на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“, која е веќе пуштена во употреба.

При реконструкцијата изведен е менување на подот во салата каде беше поставен нов гумиран под, бојадисување, молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование, целосно нова вентилација и опремување со нови спортски реквизити.

Овој проект беше неопходен за нормално одвивање на часовите по физичко образование на основците. Со негово завршување, направен е чекор плус во создавањето добри услови за настава во една од шесте образовни институции во Ѓорче Петров.

Проектот е реализиран во соработка со Министерството за образование и наука.

Општина Ѓорче Петров

До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи

Долж Повардарието утре ќе дува засилен ветер. До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. 

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град.

Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.

Утринската температута ќе се движи од осум до 15, а максималната дневна ќе достигне до 30 степени.

Теретана на отворено за прв пат во општина Илинден

Комплетно опремена спортска теретана на отворено за прв пат добија жителите на Општина Илинден, која се наоѓа кај пешачко – велосипедската патека во Марино, соопшти Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакнал дека во рамки на ова фитнес катче, каде младите па и повозрасните жители на општината ќе можат да се рекреираат и вежбаат, поставени се повеќе најсовремени фитнес справи.

-Досегашната пракса на инвестирање и создавање на услови за спортување, постојано се докажува како највредна инвестиција за сите генерации, па затоа Општина Илинден од сопствениот буџет оддвои средства за реализација на спортската теретана на отворено, а во наредниот период продолжува и понатаму со инвестиции во спортот и спортските терени на нејзина територија, се наведува во соопштението.

притисни ентер