Ердоган положува заклетва за трет претседателски мандат

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска положи заклетва како шеф на државата, откако победи на вториот круг од изборите за продолжување на неговото дведецениско владеење за уште пет години.

Инаугурацијата во парламентот ќе биде проследена со раскошна церемонија во претседателската палата во главниот град Анкара, на која ќе присуствуваат десетици светски лидери.

Турскиот лидер победи во вториот круг на 28 мај против моќната опозициска коалиција и покрај економската криза и острите критики по разорниот земјотрес во февруари во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

Ердоган освои 52,1 отсто од гласовите, а неговиот секуларен ривал Кемал Киличдароглу 47,9 отсто, покажуваат официјалните резултати. Турскиот лидер со најдолг стаж се соочува со непосредни и големи предизвици во неговиот трет мандат, поттикнати од економското забавување и надворешнополитичките тензии со Западот.

„Од геополитичка гледна точка, изборите ќе го засилат неодамнешниот притисок на Турција за независна надворешна политика“, рече Мет Герткен, главен геополитички стратег во BCA Research.

„Таа политика има за цел да извлече максимални економски и стратешки придобивки од источните и автократските држави, притоа сè уште спречувајќи траен прекин на односите со западните демократии. Тензиите со Западот најверојатно повторно ќе се зголемат, во таа рамка, сега кога Ердоган има нов мандат “, додаде Герткен.

Решавањето на економските проблеми во земјата ќе биде приоритет на Ердоган со инфлација од 43 отсто, делумно поради неговата неортодоксна политика на намалување на каматните стапки за да се поттикне растот. Доцна вечерва, претседателот треба да го претстави својот нов кабинет, а медиумите шпекулираат дека улога би можел да има поранешниот министер за финансии Мехмет Шимшек, смирувачка фигура со меѓународна позиција.

Шимшек е познат по тоа што се спротивставува на неконвенционалните политики на Ердоган. Тој беше министер за финансии меѓу 2009 и 2015 година и вицепремиер задолжен за економија до 2018 година, пред да поднесе оставка пред серијата падови на лирата таа година.

„Се чини дека владата на Ердоган ќе следи ортодоксна програма за стабилизација“, рече Алп Еринч Јелдан, професор по економија на истанбулскиот универзитет Кадир Хас. „Она што го гледаме сега е дека вестите за Мехмет Шимшек и неговиот тим беа дочекани со ентузијазам на берзите“, рече Јелдан за АФП.

Новите пратеници во турскиот парламент вчера положија заклетва на првата седница по изборите на 14 мај, на која присуствуваше и Ердоган. Неговата алијанса има мнозинство во парламентот од 600 пратеници.

Шефот на НАТО Јенс Столтенберг викендов ќе присуствува на инаугурацијата на Ердоган и ќе разговара со него, објави Алијансата. Сојузниците на НАТО нестрпливо чекаат Анкара да ѝ даде зелено светло на Шведска да се приклучи на одбранбената алијанса предводена од САД пред самитот во јули.

Ердоган го одложи одобрувањето на барањето, обвинувајќи го Стокхолм за засолниште на терористи од забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), која Анкара и нејзините западни сојузници ја наведоа како терористичка група.

Шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром на Твитер објави дека на состанокот на НАТО во Осло се појавила „јасна порака“ до Турција и Унгарија да го започнат процесот на ратификација. Неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу одговори: „Кристално јасна порака до нашите шведски пријатели! Исполнете ги обврските што произлегуваат од Трилатералниот меморандум и преземете конкретни чекори во борбата против тероризмот. Остатокот ќе следи“.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер