ЕУ го предупреди Закерберг за пораст на дезинформации на платформите на Мета

Комесарот за внатрешен пазар на Европската унија, Тиери Бретон му напиша писмо на извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, велејќи дека има „наплив на нелегални содржини и дезинформации“ на платформите на Мета.

Тој побара од Закерберг да биде „многу внимателен“ за да обезбеди усогласеност со правилата, да дејствува против нелегалната содржина и да употреби пропорционални и ефективни мерки за ублажување.

- Итно ве повикувам да обезбедите дека вашите системи се ефективни. Непотребно е да се каже дека, исто така, очекувам да бидете во контакт со релевантните органи за спроведување на законот и Европол и да се погрижите да одговорите навремено на сите барања, додаде тој.

Бретон го повика Закерберг да одговори на неговите барања во рок од 24 часа, потсетувајќи го дека може да бидат изречени казни доколку не се придржува до правилата.

Бретон го предупреди и американскиот милијардер и сопственик на социјалната платформа X (поранешен Твитер) Илон Маск дека платформата е преплавена со дезинформации за војната во Израел, што е спротивно на правната рамка на Европската унија.

Ангелов во Вашингтон на состанок на НАТО Комитетот за градење отпорност

Сојузниците се обврзаа да работат на идентификување и ублажување на стратешките пропусти и меѓусебни зависности. 

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, како висок национален претставник при НАТО Комитетот за градење отпорност, вчера и денеска во Вашингтон, учествува на НАТО состанок во организација на САД, каде високите национални претставници во делот на градење отпорност на земјите члеки на НАТО, ќе имаат простор за динамична размена на информации и дискусии засновани на однапред предвидени сценарија, соопшти ЦУК.

-Сојузниците се обврзаа да работат на идентификување и ублажување на стратешките пропусти и меѓусебни зависности. Ваквиот тип на дискусии, засновани на сценарија, може да го подигнат заедничкото разбирање и координација при заштита на критичната инфраструктура, ланецот на снабдување но и го гарантираат континуитетот на Владата и процесот на носење ефикасни и ефективни мерки во мир, криза или војна, се наведува во соопштението.

Во јули оваа години лидерите од земјите членки на НАТО ќе учествуваат на НАТО самит во Вашингтон на кој ќе се одбележи 75-годишнината од формирањето на најуспешниот и најтрајниот сојуз во историјата. Овој самит, како што е посочено во соопштението, ќе го постави курсот за континуирано прилагодување на НАТО додека заедно ја градиме и браниме нашата иднина.

Наставничка по математика останала бремена со ученик, додека чекала судење за односи со друг

Наставничката по математика Ребека Џојнс (30) од Велика Британија останала бремена со тинејџер додека чекала судење за наводна врска со друг ученик, соопшти судот.

Таа е обвинета дека го намамила 15-годишното момче на сексуален однос купувајќи му ремен Гучи од 345 фунти. Таа потоа го возела со нејзиното бело „ауди“ до нејзиниот стан во Салфорд Кејс каде што имале двапати секс.

Но, и покрај тоа што таа му рекла „би било подобро никој да не дознае“, тој испратил порака на Снепчет на пријател за да му каже дека „штотуку имал секс со г-ѓа Џојнс“. Обвинителите изјавија и дека момчето ја фотографирало наставничката за да му докаже на пријателот што му кажал.

Оваа вест одекна викендов, а веќе во понеделникот полицијата ја повикала Ребека во училиште во Манчестер, каде што била уапсена, било кажано на судењето.

Наставничката била пуштена од затвор со кауција и под услов да не контактира со ниту едно дете помладо од 18 години и била суспендирана од работното место.

Меѓутоа, додека таа го чекала судењето за секс со малолетник, било откриено дека била во долгогодишна врска со друго момче, изјави обвинителот Џо Алман.

Аферата со друго момче, за време на која тој тврдел дека имале секс околу 30 пати, била разоткриена откако таа му рекла дека чека негово дете, изјави Алман. Ова било „шок“ за ученикот бидејќи му рекла дека „не може да забремени“.

Таа и малолетникот (момчето А) првпат стапиле во врска во октомври 2021 година кога му држела дополнителни часови по математика при што го предизвикала да го погоди нејзиниот телефонски број. Момчето мислело дека се шегува кога првпат го поканила во својот стан после училиште. На снимките се гледа како момчето доаѓа во нејзиниот стан каде два пати имале секс.

Од друга страна, малолетникот (момчето Б) ѝ рекол на полицијата дека почнале да се бакнуваат кога имал само 15 години, но Џојнс тврди дека сексуалната активност се случила дури откако наполнил 16 години и кога била отпуштена како учителка. Во следните месеци тие имале односи „повеќе пати на различни места“ во околу 30 наврати, рече тој. Тој рече дека не користеле заштита.

Поднесена кривична пријава за пожарот на мостот „Беласица”

По цела една година е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот „Беласица“ кој избувна на 11 мај лани, објави техничкиот министер за внатрешни Тошковски.

„По изготвувањето на анализи во одделот за форензички испитувања на подигнатите траги од лице место - отпушоци од цигари и запалка од страна на полициски службеници извршен е разговор со повеќе лица при што е утврден сторителот на кривично дело “предизвикување општа опасност” 37-годишен скопјанец со иницијали И.Х. Против кого ОЈО Скопје денеска поднесе кривична пријава“, информира Тошковски.

Пријавеното лице веќе се наоѓа на издржување казна затвор во КПУ “Скопје” поради друго сторено кривично дело “тешка кражба”.

притисни ентер