Еве зошто треба без размислување да го избришете бившиот од Фејсбук!

Многу жени откако ќе ја раскинат врската со партнерот, сепак остануваат пријатели на Фејсбук поради тоа што не сакаат во целост да се одвојат од него, но токму тоа го отежнува преболувањето.

Ако се уште сте пријатели на Фејсбук или на некоја друга социјална мрежа избришете го без размислување,а еве и зошто.
Нема да мислите на него
Ок, секако дека ќе мислите, но барем нема да имате прилика постојано да го гледате неговиот профил и да проверувате каде е, што прави и со кого е.
Преболувањето ќе ви оди многу полесно
Знаеме дека звучи неверојатно дека некогаш ќе можете да го заборавите бившиот, но со време секако дека ќе го заборавите, а доколку го немате на фејсбук, преболувањето ќе биде многу побрзо.
Нема да доаѓате во искушенија
Се случува и на најдобрите, а доколку го избришете од Фејсбук, помали се шансите дека ќе се обидете да го привлечете неговото внимание со романтични статуси и со песни посветени на него.
Ќе станете невидливи за него
Доколку вашиот бивш партнер редовно ве следи на Фејсбук, нема да се прашува што правите и каде сте. Но доколку го избришете, блокирате нема да знае каде сте, што правите и почесто ќе размислува за вас. Иако ова не треба да ви биде важна информација, не е лошо да се знае.
Ќе се концентрирате на други
Кога бившиот го нема на видик, полесно ќе забележите дека постојат и други згодни момци. Можеби уште утре ќе ве пречека нова понуда за пријателство која ќе се претвори во нешто повеќе.

„Златаната топка“ на Марадона од Мексико во јуни оди на аукција

„Златната топка“ која поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Диего Армандо Марадона ја доби во 1986 година за најдобар играч на Мундијалот во Мексико, ќе се најде на аукција во јуни оваа година, објави денеска аукциската куќа Агутес.

Аукцијата треба да се одржи на 6 јуни, а вредноста на Златната топка се уште не е проценета. Претставници на аукциската куќа најавија дека од продажбата на Златната топка очекуваат милиони евра.

Во финалето на Светското првенство во 1986 година, Аргентина ја совлада Западна Германија со резултат 3:2.

Марадона ја доби „Златната топка“ за најдобар играч на Светското првенство во Мексико. На СП во Мексико постигна пет гола.

Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина во ноември 2020 година.

МВР: Лични документи може да се подигнат и утре

Од 8 до 19 часот утре, на денот на Претседателските и Парламентарните избори, ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

-Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

Украинската служба за безбедност спречи обид за атентат врз Зеленски

Украинската служба за безбедност (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДО), кои се осомничени дека заедно со уште тројца обвинети дека подготвувале атентат врз претседателот Володимир Зеленски и други функционери.

Според дел од украинските медиуми приведени се полковниците на УДО, Андреј Гук и по инструкции на руските специјални служби.

Тие планирале атентат и врз началникот на СБУ Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов. Кај нив е извршен претрес при што е пронајдено и одземено оружје и други предмети.

Осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која престојува, за што набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок на Путин пред инаугурацијата“ што се одржа денеска. /МИА

притисни ентер