Евровизија- бина во облик на око!!

Бината на 60 издание на Изборот за песна на Евровизија, настан кој вообичаено го следи околу една милијарда луѓе, ќе биде во облика на големо око.

Многубројните столбови кои симболично ги преставуваат земјите учеснички градат една целина и формираат големо око кое доминира во просторот.
Окото ќе преставува не само бина туку и мост меѓу изведувачот и неговата делегација.

Бината во облик на око се состои од 1288 поединечни столбови , широка е 44 метри , висока 14,3 метри и долга 22 метри.

Столбовите од предната страна ќе бидат обложени со лед-диоди и ќе може да произведат разни светлечки ефекти.

Evrovizija bina


Површината на бината во окото е широка 14,2 метри и располага со лед подиум во пречник од 11 метри.

Во заднината на оваа констрикција ќе се најде Лед –ѕид широк 26 метри и висок 8,5 метри , кој на средината ќе се развлекува во должина од 13 метри.

Монструмот, кој 24 години си ја силувал ќерката и добил 7 деца со неа, оди во обичен затвор

Австрискиот суд пресудил дека Јозеф Фрицл, кој ја држеше својата ќерка во заробеништво 24 години, ја силувал и со неа имал седум деца, може да биде префрлен од психијатриски притвор во редовен затвор.

Државниот суд во градот Кремс во соопштение наведе дека 89-годишниот Јозеф Фрицл може да биде префрлен бидејќи тој повеќе не претставува вид на опасност што бара да биде задржан во психијатриски притвор.

Одлуката се заснова на сослушувањето на Фрицл на 30 април, како и на извештаите на форензичарите и психијатриските експерти, пренесува АП.

Поради напредната деменција на Фрицл и лошото физичко здравје, психијатрискиот притвор повеќе не е неопходен за неговото „комбинирано растројство на личноста“, бидејќи нема ризик да изврши сериозни кривични дела, објави судот.

Судот изјави дека Фрицл може да биде префрлен во затвор на 10-годишен пробен период, но дека не може целосно да биде ослободен.

Во јануари, обвинителите поднесоа жалба на претходната одлука според која Фрицл може да биде префрлен во редовен затвор, а и двете страни имаат право на жалба на последната одлука на судот.

Неговото злосторство стана познато во 2008 година, а следната година беше осуден на доживотен затвор за инцест, силување, принуда, затворање и ропство на неговата ќерка, како и убиство од небрежност на еден од неговите малолетни синови.

Фрицл стана познат како „Чудовиштето од Амштетен“ по градот во северна Австрија каде во 1984 година ја заклучил својата тогаш 18-годишна ќерка во звучно изолираниот подрум на неговата куќа.

Блинкен и Кулеба во Киев разговараа во пицерија

Министрите за надворешни работи на САД и Украина, Ентони Блинкен и Дмитро Кулеба денеска ручаа во Киев во пицерија на воени ветерани од војната со Русија.

Кулеба го пречека Блинкен на влезот во пицеријата а ручекот потоа траел 40 минути. За тоа време, на влезот во ресторанот имало вооружени чувари.

- Како познавач на пица како и повеќето Американци, мислам дека пицата овде е одлична. Топло ја препорачувам, рече Блинкен.

Ненадејната посета на американскиот државен секретар има за цел да го увери Киев за воената помош на Вашингтон, закочена неколку месеци поради споровите меѓу владата и опозицијата во американскиот Конгрес.

За време на претходната посета на Киев во септември минатата година, Блинкен беше со Кулеба во „Мекдоналдс“ за да го поздрави враќањето на тој бренд во Украина по неговото затворање на почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Кулеба денеска му кажа на Блинкен дека „некои на социјалните мрежи го критикувале затоа што го однел во Мекдоналдс, а не во украински ресторан“.

- Така што ја исправаме ситуацијата и го надополнуваме Мекдоналдс со пицерија која ја основаа украински ветерани и стана легендарно место, додаде шефот на украинската дипломатија.

Така, овој пат изборот падна на пицеријата „Ветерано пижа“, која во 2015 година ја основа Украинец кој се борел против проруските сепаратисти кои беа воено поддржани од Москва на истокот на земјата.

По ручекот, Блинкен прошетал до кафуле каде што се сретнал со претставници на украинското граѓанско општество.

За време на неговата прошетка придружуван од новинари, Блинкен накратко застана на централниот плоштад Мајдан пред импровизираниот споменик на украинските војници убиени за време на руската инвазија – илјадници мали сино-жолти знамиња на Украина поставени во тревник.

Девојче (13) во Австрија силувале 17 мигранти, денска ја исмеваа на суд

Во судот во Виена започна судењето на осомничените мигранти за силувањето на Миа (13).

Минатата година била силувана од 17 мигранти (на возраст меѓу 13 и 19 години).

На минатото рочиште адвокатот на еден од осомничените прикачи наводни фотографии со пораки од социјалната мрежа Инстаграм. На споменатите фотографии Миа наводно признава дека доброволно се согласила на врската со младите и дека тужбата против нив ја поднела поради притисок од нејзината мајка.

Адвокатот на Миа, Саша Флац, изјави дека тие пораки се лажни.

„Се сомневаме дека еден од насилниците направил лажен профил на Инстаграм за да избега од одговорноста“, рече адвокатот.

Девојчето се сретнало со осомничените во паркот. Притоа, повеќепати ја малтретирале и ја снимале на паркингот, скалилата и станот.

„Знаеш дека бев силувана, јас ги пријавив. Но, работата е во тоа што го сакав. На тие момци им реков дека имам 16, а не 13. Мајка ми ме принуди да го направам тоа затоа што мрази странци. Тие не ми направија ништо “, се вели во наводните пораки.

Миа за време на судењето изјавила дека никогаш не ги пишувала пораките, и дека е лага дека нејзината мајка мрази странци.

Судењето ќе продолжи во наредните денови.

притисни ентер