Фарид за 60 милиони долари уште пет години во Денвер

Крилниот центар на НБА лигашот Денвер Кенет Фарид по одличните игри во репрезентативниот дрес на Америка и освоеното Мундијалско злато доби нов петгодишен договор од Нагетси вреден 60 милиони долари.

Фарид на Мундобаскетот во Шпанија беше еден од најдобрите кошаркари во редовите на старо новиот шампион, минатата сезона во дресот на Денвер оствари просек од 13,7 поени и 8,6 скока по натпревар .24 годишниот фарид сигурно во следните 5 години9 ќе заработи 52 милиони долари , бидејќи му е гарантирана и дел од петата година од договорот.

Инаку Фарид кој минатата сезона дебитираше на Ол Стар мечот во 2011 година влезе во НБА од 22 позиција на драфтот.

Кина почнува кампања против насилничкото однесување во училиштата

Министерството завчера соопшти дека спроведува едукација за ментално здравје за наставниците и учениците, со посебен осврт на децата на мигрантите од руралните средини или тие „оставените“.

Кинеското Министерство за образование денеска соопшти дека започнува кампања за решавање на проблемите, вклучително и претераните домашни задачи и малтретирањето во училиштата, како дел од напорите за зајакнување на менталното здравје на учениците.

Министерството завчера соопшти дека спроведува едукација за ментално здравје за наставниците и учениците, со посебен осврт на децата на мигрантите од руралните средини или тие „оставените“, чии родители поголемиот дел од годината работат во големите градови.

Во известувањето на Министерството, објавено на неговата веб-страница, се детализирани 12 негативни практики во училиштата, вклучително и занемарување и толеранција на насилничкото однесување.

Видео: Пилот „велемејстор“, успешно го слета авионот на писта без спуштени тркала

Погледнете како авион слета во Австралија со заглавени тркала во трапот.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како авионот се приближува кон пистата, а потоа слетува без спуштени тркала, буквално се лизга по пистата.

Пилотот и двајцата патници за среќа не се повредени откако малиот авион слетал без опрема за слетување поради механички дефект на аеродромот Њукасл во Нов Јужен Велс, Австралија. Авионот на Beach B-200 Super King со часови кружел околу аеродромот пред да слета итно со вовлечени тркала, објави Nine News.

Шефот на полицијата го пофали 53-годишниот пилот за успешното слетување, велејќи дека нема повредени. - Тоа беше одличен резултат, пилотот го направи тоа навистина добро. Го слушнав, звучеше мирно - изјави началникот на полицијата. Авионот неколку часа кружел околу аеродромот за да потроши гориво.

Андоновски: Очекувам зголемување на бројот на пратеници со прегласувањето

"Дадовме приговори за некои места каде што имаше нерегуларности во гласањето, ни ги прифатија и сега ќе има прегласување на истите тие места, каде што очекуваме да добиеме плус некој пратеник доколку граѓаните ни го дадат својот глас", .

"Дадовме приговори за некои места каде што имаше нерегуларности во гласањето, ни ги прифатија и сега ќе има прегласување на истите тие места, каде што очекуваме да добиеме плус некој пратеник доколку граѓаните ни го дадат својот глас", изјави меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и дополнителен заменик министер во МИОА, Стефан Андоновски, на гостувањето ма "Daily click" на тв21.

Намалување на институциите и преиначување на одредени агенции во министерства, ќе донесат поголем бенефит за квалитетот на водењето на државата, појасни Андоновски.

„Нашата амбиција е да можеме да го донесеме овој закон, ако го собереме потребното двотретинско мнозинство дури и пред формирањето на владата, и целта е да тој закон ги уреди новите министерства, но и ги преуреди надлежностите на постоечките министерства во смисла на новото време затоа што таму, тој закон е изменет само неколку пати и не соодвестуваат одредбите од тој закон со потребите и начинот на работа на државната управа кој што е денес“, вели Андоновски.

Во однос на минатото, Андоновски беше дециден дека новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ извлекло поука од минататото и дека партијата поминала низ целосна статутарна и кадровска реорганизација, и дека истото освежување ќе резултира со позитивни промени и во раководењето со државата.

На прашањето дали пратениците, кои можеби ќе се приклучат на коалицијата, доаѓаат од НСДП, ЛДП, односно од коалициони партнери на СДСМ, Андоновски вели дека мора да потврди дека се разговара со поголема група на пратеници, кои што во изминатиот период покажале интерес да се приклучат, но биле спречени поради притисоци, политички уценувања.

„Мислам дека во наредниот период ќе се охрабрат и ќе ни се приклучат затоа што се свесни дека претседателот Христијан Мицкоски е новиот премиер“, истакна Андоновски.

"Во однос на инаугурацијата на Претседателката Гордана Силјановска Давкова, имам да кажам дека Претседателката има право на свој сопствен став и личен индентитет, кој не е во спротивност на Преспанскиот договор." појасни Андоновски.

Стефан Андоновски – дополнителен заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација

притисни ентер