Ферари го претстави првиот болид, што може да вози на патишта- веќе е распродаден (ВИДЕО)

Нуди брутални перформанси, но за прв пат е дозволено да вози по јавни патишта.

Секако, ни со полн гас, па ни со половина гас, затоа што зборуваме за ѕвер кој го претставува најдоброто и најбрзото што Ферари може да го понуди. За понудата XX се зборува уште од 2005 година кога беше претставен првиот производ и самата линија, а потоа се базираше на моделот Enzo. Последниот во низата благородни спортисти се базира на SF90, имено Страдејл и Спајдер.

Веднаш се забележува фиксното задно крило, мотоспортски детал кој италијанскиот производител не го користел од 1995 година и моделот F50. Потисната сила е драстично подобра во споредба со сè што е видено од Ферари и благодарение на доводите на предниот капак, кои го насочуваат воздухот под возилото и споменатото крило, но и постоечкото активно крило, овој автомобил генерира 530 кг сила надолу на 240 km/h. За споредба, обичниот SF90 има надолна сила од 390 kg при иста брзина.

XX доби и поинаков изглед благодарение на промените на светлата, но и продолжениот заден дел. Одзади е инсталиран хоризонтален светлосен елемент. Нема значителни промени во структурата на самото возило, па ни заштедата на тежина не е голема. Со 1560 кг е полесен за 10 кг од верзијата Assetto Fiorano, а тоа е последица и на вградувањето на дводелни карбонски седишта и модификациите на моторот.

Кога сме кај моторот, треба да се каже дека хибридниот погон со моторот 4.0 V8 сега произведува 30 КС повеќе или 1030 КС. Со промените на моторот во форма на полирани канали за довод и издувни гасови и инсталирање на нови клипови за зголемување на компресијата, моќноста скокна од 780 на 797 КС. Двата предни електромотори обезбедуваат 230 КС.

Ферари не ги објави резултатите на XX на патеката Фиорано, но открива дека времето на забрзување до 100 km/h е скратено на 2,3 секунди и на 200 km/h за 6,5 секунди. 100 kg потешкиот Spider е малку побавен. Максималната брзина е 320 km/h, а двата автомобили можат да возат 25 km на струја благодарение на батеријата од 7,9 kWh.

И сега она што најмногу боли. Почетната цена е 770.000 евра за Stradale и 850.000 за Spider, а наводно сите примероци, 799 од Stradale и 599 од Spider се однапред распродадени.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер