Фетел и Леклерк за малку ќе се судреа , Ферари доживеа дебакл во Спа

Луис Хамилтон славеше на белгиското Гран-при и замина со неговата 89. победа во кариерата, два помалку од носителот на рекордот Михаел Шумахер.

Второто место повторно го освои Валтери Ботас, а Макс Верстапен повторно беше трет.

Борбата за врвот нема да биде интересна ниту оваа сезона, но затоа очите на навивачите на Формула 1 се насочени кон Ферари и низ што поминува најпознатата екипа на светот оваа година. Фетел денеска беше 13-ти, а Леклерк 14-ти.

Ферари веќе една и пол година не е на ниво на својата репутација и буџет. Катастрофалниот викенд започна вчера на квалификациите во кои Ферари, првпат од 2006 година по квалификациите, не влезе во третото коло. Леклерк го освои 13. и Фетел на 14. во квалификациите.

Ниту денешната трка не помина многу подобро. Всушност, Ферари имаше цел куп грешки што е навистина тешко да се поврзе со некогаш еден од најсилните тимови на светот.

На самиот почеток на трката, Леклерк влезе во траекторијата на Фетел и многу близу беше до судир, но за среќа се избегнаа.

Чарлс Леклерк по втор пат замина во боксот на средина на трката, иако се чинеше дека не разбира зошто.

„Зошто одам на бокс? праша преку радио врската.

„Ќе ти кажеме подоцна“, му одговорија за да се покаже дека Леклерк имал проблем со хидрауличната течност.

Кога се врати на патеката, тимот му рече:

„Ги разгледуваме плановите Б и плановите Ц, размислуваме и за едниот и за другиот.

„Би било добро ако ме известите што побрзо“, одговори Леклерк.

За тоа време, Себастијан Фетел исто така се бореше со своите техничари. Кон крајот на трката, тој ги повика на радио.

„Нема шанси да ги претепам овие пред мене. Започнете веќе еднаш да размислувате да одам во бокс“, рече лутиот Германец, но неговите желби не беа исполнети.

Кон самиот крај на трката тој се пожали дека веќе не ги чувствува гумите на болидот, но не влезе во боксот.

Изборите во Холандија се одражаа во ноември,а се уште не е формирана Влада-роковите се при крај

Герт Вилдерс, лидерот на десничарската Партија на слободата (ПВВ), тврди дека е на чекор до формирање влада во Холандија, каде на 22 ноември се одржаа парламентарни избори.

Како што пренесува Политико, Холандија е подготвена да ја добие најдесничарската влада во поновата историја.

Партијата на Вилдерс освои 24 отсто од гласовите, но не доволно за самостојно да формира влада, што доведе до повеќемесечни преговори. Главните точки на несогласување се политиката кон мигрантите и државните финансии. Вилдерс тврди дека претставниците на партиите постигнале принципиелен консензус за буџетот на идната влада.

„Овој договор нема да пропадне“, изјави Вилдерс по маратонската средба која траела цели 16 часа.

По изборите, Герт Вилдерс го омекна својот екстремистички речник и во март објави дека не е неопходно тој да биде премиер на идната влада, во која ќе биде вклучена и Народната партија за слобода и демократија на актуелниот премиер Марк Руте и партијата на центарот, Нов социјален договор и Движењето земјоделец-граѓанин.

Во текот на последната деценија Марк Руте, премиерот во заминување успеа да го задржи Вилдерс надвор од владата. Сепак, откако Руте го објави своето повлекување од политиката минатата година, Вилдерс можеше да ја искористи поддршката од гласачите благодарение на неговите антиимигрантски ставови. Тој дури ги обвини имигрантите за недостиг на станови.

Не беа дадени конкретни детали од буџетскиот договор, но се очекува новата влада да ги заостри законите и мигрантските политики. Преговорите за коалицијата треба да продолжат денеска, а договор се очекува пред полноќ кога истекува рокот.

Се очекува Вилдерс во јавноста да открие кој е неговиот фаворит за премиер.

Палевски е ексрадиран во земјава и веднаш спроведен во затворот во Шуто Оризари

Првообвинетиот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, Љупчо Палевски  попладнево е екстрадиран вo земјава и  веднаш спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Пред затворот е Андријана Лазова.. Андријана кои се последите детали од таму и какви се следните процедури?

Цикрус во авион: Патник ги дигнал нозете на прозорецот, девојка му одржа лекција (ВИДЕО)

На TikTok кружи видео, наводно снимено за време на комерцијален лет.

Се гледаат девојки и еден дечко како ги потпира босите нозе на нивното седиште.

Не дозволија ароганцијата да остане неказнета, додека останатите патници ја гледаа ситуацијата со насмевка и одобрување.

На почетокот девојката станала и му ги бојадисала ноктите на заспаниот млад човек! Недолго потоа се појавила стјуардесата и го разбудила.

Таа го замолила да ги спушти стапалата од потпирачот за грб, што тој и го направил. Секунда подоцна си ги видел ноктите, а реакцијата ќе ве насмее.

@globestudio The whole plane was in on it 💅 #foryoupage #fyp #clips #goviral #plane #prank ♬ original sound - 📹 Video vault 🗝

Клипот предизвика големо внимание на интернет, а корисниците брзо го коментираа.

„Ова беше бесценето. Следниот пат ќе размисли двапати пред да ги подигне нозете“, напиша една личност.

Од друга страна, има и такви кои се сомневаат дека видеото е автентично, бидејќи многу компании забрануваат лак за нокти во авионите.

притисни ентер