Филипче: Одлични резултати со вакцинацијата, пет деца заболени од морбили

Во однос на вакцинацијата имаме одлични резултати, како никогаш досега. Над 99 отсто е опфатот со вакцинација во Град Скопје, а над 95 отсто на територија на целата држава. 

Ова денеска го соопшти министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Поликлиниката Чаир.

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче информира дека од изминатата недела има вкупно пет деца заболени од морбили, сите се невакцинирани. Четири од децата се од Скопје, а едно од Куманово.

Со оглед на овој голем опфат со вакцинација, како што рече, сметам дека веќе и колективниот имунитет е на сериозно високо ниво, многу повеќе и позначајно од тоа што беше на почетокот на оваа година. Изрази надеж дека во следниот период нема да има голем број на новозаболени, и покрај почетокот на новата учебна година и уписот во градинките. – Огромен број од децата кои не беа вакцинирани, сега се вакцинирани, посочио Филипче.

Тој најви дека оваа недела ќе свикаат состанок Комисијата за заразни болести да ги анализира новите бројки и потоа ќе видат дали ќе се остане на истата или ќе се донесе нова препорака.

– Но, нема да се смени тоа што го бараме за упис, како во градинки, така и во основните училишта, рече Филипче.

Прашан и за групата родители кои најавија тужба до Управниот суд, Флипче потсети дека пред неколку месеци имале средба во Владата со луѓето кои се на страна на антивакцинацијата. На средбата присуствувале премиерот и со министрите за правда и за труд и социјална политика. Договориле стручна средба на која тие ќе поканат луѓе кои ги застапуваат антивакциналните ставови.

– До судот пред неколку месеци стигна барање за една времена мерка која им беше одбиена, рече Филипче.

На новинарско прашање дека неофицијално има родители кои успеваат невакцинирани деца да запишат во основните училишта, Филипче рече дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши контрола на терен, како на потврдите за вакцинација, така и на тоа дали се запишани деца без уреден вакцинален статус во училиштата. – И врз основа на тоа секој ќе си преземе одговорност, потенцира Филипче.

Прашан до каде е тендерската постапка за Гинекологија во Чаир, Филипче информира дека таа е завршена и додаде оти пристигнале повеќе понуди. Сега е во фаза на евалуација, по што ќе следи електронска аукција. Очекува во следниот период, од недела до две, дека целосно ќе биде завршена. /МИА

Протест пред Берлинскиот слободен универзитет во знак на солидарност со Појасот Газа

 Пропалестинските активисти денеска протестираа пред Берлинскиот слободен универзитет, апелирајќи на студентски отпор низ Германија во знак на солидарност со луѓето во Појасот Газа.

Според процените на портпаролката на Универзитетот во протестите учествувале од 80 до 100 луѓе.

Активистите на групата Студентска коалиција Берлин повикаа на запоседнување на германските универзитети и побараа крај на „колонијалното угнетување“.

Околу 150 активисти на 3 мај протестираа пред Универзитетот Хумболт во Берлин.

Повеќе од две недели на голем број универзитети во САД, во Велика Британија и други земји има протести против израелската офанзива врз Појасот Газа./МИА

Јом Хашоа одбележан во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје

Со едноминутно молчење во чест на жртвите во холокаустот, денеска беше одбележан Денот на сеќавањето на жртвите. Традиционално овој ден  се одбележува на годишнината на востанието во Варшавското гето.

Маја Нану, член на управниот одбор на еврејската заедница, нагласи дека Македонија, рамо до рамо со целиот свет, им оддава почит на своите 7.144 евреи, жртви на нацизмот, депортирани во логорот на смртта, Теблинка.

Самоил Садикарио, пензиониран професор на медицинскиот факултет, член на Еврејската заедница, чии предци биле партизани, изразува жалење што се помалубројни се Евреите во Македонија. Особено му е жал што поради, како што рече, нечија луда идеа, загинале шест милиони евреи во светот.

Во чест на Денот на сеќавањето на жртвите од холокаустот, во музејот на холокаустот беше отворена и детска изложба, а најдобрите три цртежи беа и наградени.

Катарската делегација пристигна во Каиро

Делегација на Катар пристигна во главниот град на Египет, Каиро, каде ќе продолжат индиректните преговори меѓу Израел и Хамас.

Хамас вчера соопшти дека го одобрил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, што го предложиле посредниците од Египет и од Катар.

Разговорите во Катар треба да доведат до итен и траен прекин на огнот во Појасот Газа. /МИА

притисни ентер