Филипче: Со проектот ПериМак се намали смртноста на новороденчињата

ПериМак е дел од фондацијата на проектот ХОУП и Штарштундер од Германија, а целта е зајакнување на капацитетите на родилиштата.

Завршува првата фаза од проектот ПериМак со кој се донираше опремата во гинекологијата во Чаир, на Гинеколошката клиника и на одделот за интензивна нега на Педијатриската клиника, и истиот вроди со плод зашто значајно се намали смртноста на новороденчињата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

ПериМак е дел од фондацијата на проектот ХОУП и Штарштундер од Германија, а целта е зајакнување на капацитетите на родилиштата.

– Се донираше многу значајна и вредна опрема, вкупната вредност надмина некаде околу милион и двесте илјади евра, и тоа што е најзначајно од се е што денеска дефинитивно се пушта во функција и елктронското мониторирање на ЦТГ кај жени кои чекаат породување, што значи дека од едно централно место ќе може да се мониторираат, и тој електронски систем да алармира и при најмала промена, рече министерот.

Додаде дека овој проект значеше и тренинг и пренесување на знаењата и вештините на лекарите и медицинските сестри.

– Од опрема се донираа кревети, специјална форма на вентилатори за интензивна помош кај бебето за да се одржи добриот капацитет на дишење по раѓањето. Донирани се и специјални ламби за осветлување доколку бебето има жолтица, специјални блендери што го мешаат кислородот со воздухот и тоа е една придобивка на технологијата последните години, додаде Филипче.

Истакна дека овој проект нема да заврши со оваа фаза, ќе следи опремувањето на родилиштата во Тетово и Куманово, а со буџетски средства комбинирано и останатите големи родилишта, во Струга, Струмица и родилиштето во Штипската болница, односно на сите места каде што се одвиваат најголем број на раѓања во нашата земја.

– Посебно би го истакнал моментот на едукација, нашите тренирани лекари и сестри кои што беа на едукација во странство ја преземаа обврската знаењто да го префрлат на своите колеги така да сега сите доктори и медицински сестри кои работа во овие споменати институции можат да ја користат оваа опрема, додаде тој.

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

Без струја дел од скопските општини Илинден и Кисела Вод

 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „34“ во населбата Илинден, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода.

Во Скопје санкционирани 108 возачи

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 108 мерки за прекршоци во областа на сообраќајот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Од нив, девет мерки се за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас...

притисни ентер