Филмски продуцент е обвинет за раководење со меѓународна мрежа за проституција

Филмскиот продуцент Дилан Џордан е обвинет во Њујорк и уапсен во Калифорнија, поради користење на неговата продуцентска компанија за раководење со меѓународна мрежа за проституција.

Четириесет и девет годишниот Џордан е уапсен во округот Сан Бернардино.

– Долги години, Дилан Џордан води голем бизнис со проститутки преку две компании – компанија која се претставува дека организира забави и настани, и компанија за филмска продукција. Забавата веќе заврши, изјави обвинителката Одри Штраус.

Во обвинението се наведува дека од 2010 година до мај 2017 година, Џордан водел список на жени кои живееле на различни локации во САД и имале сексуални односи со клиенти за одредена сума.

Тој ги координирал своите дејствија со „мадам" од Велика Британија, заедно споделувајќи и насочувајќи клиенти и проститутки.

Продуцентот, исто така, организирал превоз за жените кои се проституирале или им помагал на клиентите да го организираат нивниот превоз меѓу различни држави.

Тој ги прикривал плаќањата со чекови на жените во вид на хонорари за ангажмани како модели, масерки, учество на приватни забави, консултантски услуги. Плаќањата за сексуалните услуги и организацијата на транспортот се вршеле преку електронска пошта.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


притисни ентер