Финансиските аналитичари со критики за прогресиовниот данок , Тевдовски ги негира

Прогресивниот данок не даде значајни резултати, сметаат финансиските аналитичари.

Анализата на невладината Фајненс тинк покажува дека даночната реформа има позитивен ефект врз економијата, но тој е толку мал, што не се забележува. Позначајни ефекти се забележуваат само кога оваа реформа ќе се искомбинира со социјалната.

Најмногу замеруваат што власта ја спроведе ненајдено.Контекстот во кој беше наметнат прогресивниот данок може да донесе многу висока политичка цена која ќе треба да се плати, наспроти малите економски ефекти...

Дека се кренало многу врева за ништо, согласни се и економските професори.

И Горан Петревски на ставот – новиот систем на даночење не донесе ништо значајно, а со реформата не се опфатени оние кои се реално богати.

Кај нас 1% земаат 90илјади плата, јакото богатство!. Илјада евра е нормална плата, ...вие сакате со 150 евра да влезете во ЕУ..... во америка не се богати 1% ит инжинери туку се вистинските капиталисти...

Програмерите се најзасегнати од даночните давачки. Прогресивниот данок опфаќа дури 30% од нив, но не ги кочи само повисокиот персоналецот. Имаат низа барања до власта за разни олеснувања.

Анализите ги чу првиот финансиер Тевдовски. За разлика од нив тој повторно ги бранеше своите ставови. Според министрот мерката дава значајни ефекти.

Експерти од САД и ЕУ по изборите во Македонија: Власта значи одговорност

Власта значи одговорност и почитување на меѓународните договори.

Изборната победа и преземањето на власта е голема одговорност, обвсрка да се реализира ветеното, да се продолжи патото кон ЕУ и да се почитуваат склучените договори, оценуваат меѓународни аналитичари и експерти за Гласот на Америка, коментирајќи ја изборната победа на Гордана Сиљановска Давкова на претседателските и на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во Македонија.

- Изборната победа е чест, за претстојната претседателка Гордана Силјановска и за господинот (Христијан) Мицкоски и неговиот тим кој извојува победа на парламентарните избори. Но, тука доаѓа и голема одговорност. А тоа е да ги реализира своите ветувања, а тоа значи приоретизирање на владеењето на правото, справување со корупцијата, подобрување на економијата и продолжување на патот кон ЕУ“, вели Филип Рикер, поранешен американски амбасадор во Скопје, и поранешен помошник - државен секретар на САД.

Тој смета дека проширувањето на ЕУ нема алтернатива и тоа е иднината за Македонија.

- Забележувам вистински моментум за проширувањето, таков тон доаѓа во Брисел, и од другите главни градови кои се важни за проширувањето, сега е време да се придвижи земјата напред, коментира Рикер.

Едвард П. Џозеф, балкански аналитичар на Факултетот за меѓународни студии при Универзитетот Џон Хопкинс смета дека новата влада во Скопје треба да покаже лидерство, со оглед на огромната поддршка што ја доби на изборите.

- Треба да се надеваме дека Мицкоски разбира дека има одговорност кога ќе ја води владата, а не да биде опозиционер или да биде во политичка кампања. Односите со Грција се фундаментални, Договорот од Преспа е важечки, обврзувачки за двете страни, иако не е многу популарен. Тој ѝ помогна на земјата, го зачува нејзиниот идентитет и се надевам дека Мицкоски го разбира тоа, вели Џозеф.

Предизвиците кои претстојат во односите со Бугарија околу уставните измени, тој очекува дека ќе бидат клучни за издржливоста и еластичноста на новата коалициона власт во Македонија.

- Ќе има албански партнер во Владата како дел од коалицијата. Веројатно тоа ќе бидат досегашната опозиција Влен. Тие ќе имаат предизвик, затоа што Влен се обврза да гласа за уставни измени. Што ќе се случи ако по шест месеци од владеењето на Владата на ВМРО – ДПМНЕ не се гласа за тие измени? Што ќе се случи во Македонија? Ова е отворено прашање, изјави Џозеф.

Пол Мекарти, директор за Европа при Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) ги коментираше идните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија, со оглед дека доаѓа нова политичка гарнитура во Скопје.

- Ќе бидат потребни студени глави за да се придвижат двете земјите напред, но и многу дипломатија од Брисел и од Вашингтон, за да го олесни процесот дека крајната цел мора да биде Македонија да стане членка во ЕУ, смета Мекарти.

Ерван Фуере, поранешен амбасадор на ЕУ во Скопје не смета дека сега се отвара можност за поголемо влијание од Москва, со оглед дека на власт доаѓа десно-ориентирана партија.

- Јасно е дека Русија ќе ја искористи секоја можност за дезинформации и тактики кои ги користат за ширење на лажни информации насекаде на Балканот. Не верувам дека тоа ќе наиде на плодна почва во Македонија. Една предност за новата влада во Скопје е што по европските избори ќе има нови десничарски влади ширум Европа. Затоа што ВМРО е десно-ориентирана партија, може ќе најдат поголема поддршка за нивните аргументи против бугарските барања на патот кон ЕУ“, вели поранешниот прв дипломат на ЕУ во Скопје.

Мекарти од ИРИ смета дека „сите земји во регионот се соочуваат со странско мешање од авторитарни земји, како од Русија и од Кина, но за разлика од другите земји во регионот, Македонија нема такво влијание“.

Надја Музикина, заменичка - директорка за Централна и Источна Европа при Националниот демократски институт (НДИ) ја потенцира неопходноста од почитување на меѓународните договори, независно кој е власт.

- Не веруваме дека има закани по Преспанскиот договор сега кога Македонија има нова влада, и очекуваме дека ВМРО-ДПМНЕ и новата претседателка ќе останат на патот кон ЕУ, изјави претставничката од НДИ.

Според неа, регионот минува низ турбуленции и затоа е неопходен поголем фокус на меѓународната заедница кон Балканот.

Запрашана, дали е загрижена дека Македонија и регионот се соочуваат со обновени етнички тензии во услови на забавување на проширувањето на ЕУ, но и пораст на про-руски влијание, таа вели дека „етничките тензии секогаш претставуваат загриженост, не само во Македонија, туку и во регионот како целина“.

- Има забавување на дијалогот меѓу Косово и Србија, има тензии во Босна и Херцеговина, уназадување на реформите во Црна Гора. Важно е Македонија да остане на про-европскиот курс, но секогаш треба да се има предвид и да се внимава од руското влијание во земјата, предупредува Музикина.

Аналитичарите сметаат дека пренасочување од лево кон десно по изборите во Македонија е поттикнато од гневот на гласачите поради бавниот економски развој и постојаната корупција која го разјадува системот, што, според нив, влијае за забавување кон пристапувањето во ЕУ.

Пленковиќ му предаде на претседателот Милановиќ 78 потписи за состав на новата хрватска Влада

Лидерот на ХДЗ и премиер на техничката влада на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска на претседателот на Републиката, Зоран Милановиќ му врачи 78 потписи за добивање мандат за формирање нова Влада.

Лидерот на ХДЗ и премиер на техничката влада на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска на претседателот на Републиката, Зоран Милановиќ му врачи 78 потписи за добивање мандат за формирање нова извршна власт по парламентарните избори одржани на 17 април.

Владата на Хрватска ќе ја формираат ХДЗ и Движењето Татковина со поддршка на двајца пратеници од малцинските партии и пратеничката Весна Вучемиловиќ, која ги напушти суверенистите за да ја поддржи Владата на Пленковиќ.

Вучемиловиќ е сестра на основачот на Движењето Татковина, хрватскиот поп пејач Мирослав Шкоро, кој по недоразбирање во тоа движење престана да се занимава со политика на високо ниво. Во новата хрватска Влада, за разлика од претходните два мандата, нема да биде Независната демократска српска партија (СДС С) на Милорад Пуповац, што беше експресно барање на Татковинското движење на Иван Пенава, градоначалник на Вуковар и поранешен член на ХДЗ.

Комплетирани дигиталните катастарски планови на територија на цела Македонија

Комплетирани се дигиталните катастарски планови во Македонија откако во централната база се внесени податоците за последната катастарска општина – К.О. Тетово 2.

Комплетирани се дигиталните катастарски планови во Македонија откако во централната база се внесени податоците за последната катастарска општина – К.О. Тетово 2. и е создадена платформа за систем на географски информации засновани на интернет (WEB GIS).

Агенцијата за катастар на недвижности информира дека со оваа платформа се врши размена и дистрибуција на податоци и таа овозможува целосна покриеност на територијата на државата со основни сетови на дигитални просторни податоци. Исто така, посочува АКН, таа овозможува и дополнителен развој на политики за стратегијата за Национална инфраструктура на просторни податоци и ќе помогне при исполнувањето на условите и критериумите на директивата ИНСПИРЕ на Европската Унија.

-Дигитализацијата на катастарските планови претставуваше процес на усогласување на графичката со алфа-нумеричката база на податоци и прочистување на техничките грешки кои се резултат од одржување на катастарот на недвижности во две засебни бази на податоци, наведува АКН во објава на својата веб страница.

Крајната цел на проектот за дигитализација беше интеграцијата на графичката база на податоци на дигиталните катастарски планови, со алфа-нумеричката база на податоци во една единствена централизирана база на податоци и тоа за сите катастарски општини на територија на државата.

-Како завршница на овој долготраен и комплициран процес на дигитализација на катастарските планови на територијата на целата држава, на 16.4.2024 година во централната база на податоци се внесени податоците за последната катастарска општина – К.О. Тетово 2. Сега и од оваа катастарска општина ќе може да се обезбедат податоците, како што се извод од катастарски план и имотен лист, преку веб страницата на Агенцијата за катастар на недвижности, во делот на ОССП дистрибутивниот геопортал, наведува Катастарот во објава на својата веб страница.

притисни ентер