ФИТР со нови грантови за задржување на младите во државата

На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска беше промовиран новиот јавен повик за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап" и „спин-оф" – СтартАПувај2", финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Обезбедни се средства во висина од 1,5 милион евра во соработка со Светската банка.

– Во УЈИЕ денеска го почнуваме новиот јавен повик на Фондот за иновации и техонолошки развој наменет за старт ап компании, пред се, за младите. Износот на повикот е 1,5 милион евра кои ги вметнавме со измените во програмата пред два месеца благодарение пред се на интересот што го добивме од страна на млади луѓе кои се јавуваа и прашуваа. Така што ова е одговор на тој интерес. Мене ми е драго што имавме доста млади луѓе кои што дојдоа и поставуваа прашања и пројкавија интерес за аплицирање на јавниот повик, изјави Јован Деспотовски на ФИТР.

Првиот човек на Фондот потенцира дека младите се повеќе сакаат да основаат свои фирми во родната земја. И новиот повик е резултат на заинтересираноста за добивање грантови и поддршка.

-Целта на јавниот повик е да поттикнеме што е можно млади луѓе да формираат свој бизнис, тоа значи да останат во нашата држава, да го развијат тој бизнис и секако да дадат додадена вредност. Она што го кажавме како порака денес-ги охрабруваме да преземат ризик. Бидејќи во овој случај државата ги поддржува со до 85 проценти од инвестицијата што треба да го направат. Така да ризикот го презема државата за овие млади луѓе. Целта е да се поттикнат што е можно поголем од нив да размислуваат не за заминување туку за останување во државата. Не за работа во јавниот сектор туку за почнување на сопствен бизнис, рече Деспотовски.

Во изминатата година и полoвина се финансирани над 100 стартап компании со 2,5 милиони евра. /МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер