ФИТР станува првата сертифицирана државна институција со Стандард за спречување на корупција

Фондот за иновации и технолошки развој го имплементираше ISO 37001:2017, со што станува првата државна институција сертифицирана со меѓународниот Стандард за спречување на корупција.

Стандардизацијата за спречување на корупција има за цел континуирано и темелно спроведување на политиката на нула толеранција за мито и корупција. Усогласеноста со овој меѓународен Стандард овозможува имплементација на разумни и пропорционални механизми за превенција и откривање, како и конкретни мерки против корупцијата.

„Борбата против корупцијата и криминалот е еден од врвните приоритети на Владата, и затоа бара вклученост од сите институции. Во таа насока од исклучителна важност е меѓуинституционалната соработка, размената на информации и координации, на што од почетокот на мојот мандат ставив посебен фокус. Фондот за иновации и технолошки развој е позитивен пример за вклученоста на институциите во спречувањето на корупција. Драго ми е што ФИТР е првата државна институција која го доби ИСО сертификат 37001, со кој се определуваат обврските и должностите на Фондот во делот на спречување корупција, одговорностите на вработените во спроведување на активности поврзани со спречување на мито и корупција и друго. Имлементацијата на овој сертификат, очекувам да придонесе за подигнување на свеста за негативните последици од корупцијата за целокупното општество и да даде придонес во целиот процес. Како координатор на надлежните антикорупциски институции, овој сертификат ќе предложам да го имплементираат и останатите државни институции. Борбата против корупцијата и криминалот е заедничка, и очекувам сите да дадеме придонес во искоренувањето на оваа појава што го поткопува општеството, буџетот, економијата и враќа државата назад", изјави заменик на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Воведувањето на ИСО 37001:2017 ги вклучува и вработените, нивната одговорност и работа која треба да биде посветена на јавниот интерес, како и на ангажираните лица во Фондот и други лица поврзани со институцијата во спроведување на активности поврзани со спречување на мито и корупција и примена на принципите дефинирани во Политиката на Фондот. За таа цел, обезбедени се информации и упатства како за вработените така и за ангажираните лица и поврзаните лица со Фондот, со цел препознавање и справување на проблеми поврзани со мито и корупција.

„Сертифицирањето беше спроведено на иницијатива на Фондот а обезбедувањето на глобално призанен Стандард претставува уште една потврда за успешноста на процесите и политиките на ФИТР. Верувам дека сертификацијата ќе ја надгради довербата кон Фондот како институција која претставува значаен промотор на иновациската дејност, технолошки и економски раст и развој во државата. Се надевам дека ФИТР ќе биде и силен импулс за другите државни институции, да го следат нашиот пример за сертификација и спроведување на овој Стандард, како иницијатива повеќе за транспарентен и одговорен јавен сектор." - посочи Коста Петров, директор на ФИТР.

Процесот на стандардизација и имплементирање на ИСО 37001:2017 во ФИТР, се одвиваше во изминатите 6 месеци.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер