Фокус СТ на прво возење по патеката во Нирнберг (ВИДЕО)

Новиот Форд Фокус СТ прв пат е виден во јавноста на патеката во Нирнберг , која важи за тест патека за повеќето светски производители на автомобили.

Новиот СТ е елегантен и атрактивен , така што остава простор за агресивниот РС модел чија промоција се најавува наскоро . Според движењето на патеката , Форд со новиот автомобил направил засилена верзија на стандардниот Фокус.

И натаму не се знае што има под хаубата , иако се шпекулира дека автомобилот е опремен со 2,3-литарска EcoBoost единица од претходната генерација Focus RS и Mustang. Се очекува дека ќе има меѓу 250 и 300 KS.

Купувачите во Европа најверојатно ќе добијат и дизел верзија на автомобилот со 2,0 литарски EcoBlue со 190 KS.

Анкета: Поддршката за Бајден паднала за најниско ниво во последните две години

Поддршката за американскиот претседател Џо Бајден паднала на најниско ниво во речиси две години, што одговара на најнискиот процент од неговиот мандат, покажала денешната анкета на Ројтерс-Ипсос.

Истражувањето покажало дека само 36 отсто од Американците го одобруваат настапот на Бајден, што е намалување од 38 отсто во април, објави Ројтерс.

Ова е враќање на најниското ниво на поддршка за демократскиот претседател во јули 2022 година, половина година пред Бајден да се соочи со републиканскиот кандидат Доналд Трамп на изборите на 5 ноември.

Поранешниот претседател Трамп има мала предност пред актуелниот претседател во клучните држави за кои се верува дека ќе го одредат победникот.

Друга анкета на Ројтерс и Ипсос, исто така, покажа дека многу демократи не се согласуваат со одговорот на Бајден на израелската офанзива на Појасот Газа, што дополнително ги загрозува неговите изгледи на ноемвриските избори.

Врховниот суд на САД одби да сослуша родители на трансродни ученици

Врховниот суд на САД денеска одби да ги сослуша родителите во пошироките напори на христијанските групи да ја оспорат училишната политика на округот Монтгомери, Мериленд.

Врховниот суд на САД денеска одби да ги сослуша родителите во пошироките напори на христијанските групи да ја оспорат училишната политика на округот Монтгомери, Мериленд, против известувањето на родителите доколку нивните деца се идентификуваат како трансродови или родово неусогласени.

Судиите ја отфрлија жалбата на тројца родители чии деца посетуваат државни училишта во округот Монтгомери, кои поднесоа жалба на пресудата на понискиот суд во која се вели дека родителите ја немаат потребната правна положба за да ја оспорат политиката.

Ројтерс известува дека прашањето за правата на трансродовите станало жариште во културната војна во САД, што ги поттикнало конзервативните групи и родителите да поднесат тужби низ целата земја.

Мајка и двајца татковци поднесоа тужба во 2020 година, тврдејќи дека политиката на областа ги прекршила нивните права според 14-тиот амандман на Уставот на САД да донесуваат одлуки за грижата за нивните деца.

Окружниот суд го отфрли случајот во 2022 година, а Окружниот апелационен суд ја потврди пресудата следната година.

Судијата Марвин Катлбаум изјави дека нема индикации дека децата на овие родители се трансродови и дека родителите не успеале фактички да докажат дека училиштето од нив крие информации за нивните деца.

Големо невреме во Србија: Спасени жени и двегодишно дете од поплавен автомобил (ВИДЕО)

Поради силното невреме и обилните врнежи од дожд кои денеска го зафатија Ужице во Србија, две жени со дете (2) во еден момент биле заглавени во автомобил на локалниот пат Врела-Љубања.

Поради силното невреме и обилните врнежи од дожд кои денеска го зафатија Ужице во Србија, две жени со дете (2) во еден момент биле заглавени во автомобил на локалниот пат Врела-Љубања, но за среќа, пожарникарите многу брзо се појавиле на терен и ги спасиле, објави Телеграф.

Припадниците на Одделението за вонредни состојби на МУП од Ужице по обилните врнежи во населбата Златибор евакуирале две жени и двегодишно дете од потопено возило.

Тие дојдоа на терен за само 15 минути и ги спасија.

На социјалните мрежи беа објавени фотографии на кои се гледа автомобил заробен поради обилните дождови и силното невреме кое го зафати овој дел на Србија.

Има и видео од автомобилот што го снимиле патниците кои им се заблагодаруваат на пожарникарите за спасувањето.

„Голема благодарност до пожарникарите кои пристигнаа со брзина на светлината и нѐ евакуираа со мало двегодишно дете. Голема благодарност!!!“, напишаа тие.

Во текот на попладневните часови силно невреме го зафати Ужице и неговата околина, а обилниот дожд беше проследен со голем град кој паѓаше неколку минути.

Обилниот дожд во Ужице беше проследен со силен град.

- Мразот беше со големина на орев, паѓаше силно и интензивно. Дури и шофершајбната на моето возило беше напукната од силината на невремето. За да не дојде до поголема катастрофа на возилото, застанавме на бензинска пумпа додека не помине невремето - изјавил за Рина еден од очевидците.

притисни ентер