Популарниот фудбалер „паднал“ на сексапилот на една „Плејбој“ зајачица која јавно му го нудеше своето тело на Кристијано Роналдо.
Неколку британски, шпански и португалски медиуми ја објавија изјавата на „Плејбој“ зајачицата Мирта Соса, која во минатото јавно му го нудеше своето тело на Кристијано Роналдо, а неодамна била „на врска“ со Санчез.
-Му го дадов бројот на мобилниот и потоа ме бараше 24 часа на ден. Често разменувавме видео повици и баш се навлеков на неговите лажги.Ми праќаше карта да дојдам кај него, но , јас не сакав да се кријам.Сакав да не видат во јавноста, изјавила атрактивната Мирта.
Во меѓувреме адвокатот на Алексис Санчез се јавил и го демантирал сето ова.
-Алексис не ја познава таа девојка, ниту со неа на било кој начин комуницирал, стои во соопштението од адвокатот на фудбалерот.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед во моментов е во сериозна врска , но медиумите не забораваат да пренесат дека во 2018 година Санчез и дал пари на една студентка за стриптиз и секс.