Достапен во купе и кабриолет форма, моделот со „Euro-spec“ многу наликува на својот американски братучед, со дизајн исполнет со класични стилски обележја.
Има препознатливи „LED“ светла, малку „агресивна“ решетка и ревидирана палета на бои која вклучува три нови нијанси. Во кабриолет верзијата, покривот може да се подигне или спушти за осум секунди.
Внатрешноста е исполнета со дигитална инструмент табла со дијагонала од 12,4 инчи, како и „infotainment“ систем со дијагонала од 13,2 инчи. Има „Android Auto“ и „Apple CarPlay“, како и „5G“ конекција за проследување музика и прикажување информации за сообраќајот во реално време.
„Ford Mustang GT“ за Европа има „5.0“-литарски „V8“ кој испорачува 440 КС со 540 Nm максимален вртежен момент. Ова е послабо од американскиот колега кој има 480 КС и 562 Nm максимален вртежен момент, а во посилните верзии 486 КС/566 Nm.
Моторот може да се спои со шестстепен мануелен или десетстепен автоматски менувач, а основниот пакет на перформанси вклучува „Brembo“ сопирачки како и диференцијал со ограничено пролизгување.
Клиентите на кои тоа не им е доволно може да се одлучат за варијантата „Mustang Dark Horse“, со надграден „5,0“-литарски „V8“ мотор од 447 КС и 540 Nm максимален вртежен момент. Што се однесува до цените, „Mustang GT“ во Германија започнува од 59.900 евра, додека во Австрија чини дури 86.000 евра.
Извор: Б92