Фото: Инстаграм ѕвезда на НБА натпревар

Убавата и атрактивна Рејчел Буш е редовен гостин на натпреварите од најсилното светско кошаркарско првенство НБА лигата.

Рејчел за која медиумите пишуваат дека е „голема Инстаграм ѕвезда“ се појави на мечот Мајами – Филаделфија и ги собра погледите на публиката.

На НБА паркетите направи вистинска лудница. Седеше непосредно покрај теренот, и поради неа никој не можеше да остане максимално сконцентриран на играта.

Оваа убавица е голем љубител на спортот, покрај кошарка Рејчел може да се види и на НФЛ натпревар.

Инаку, Рејчел на Инстаграм има илјадници следбеници кои редовно уживаат во нејзините провокативни и секси фотки.

Светот го преживеа најтоплиот април во историјата на мерењата

Светот штотуку го доживеа својот најтопол април забележан досега, продолжувајќи ја 11-месечната низа на соборување температурни рекорди секој месец, објави денеска службата за следење на климатските промени на ЕУ.

Секој месец од јуни 2023 година е најтоплиот на планетата досега измерен и забележан, според месечниот преглед на службата за климатски промени Коперник (C3S).

Вклучувајќи го април, просечната глобална температура беше највисока за 12-месечен период досега, 1,61 степени Целзиусови над просечната температура во прединдустрискиот период од 1850 до 1900 година.

Некои од екстремите, вклучително и рекордните температури на морската површина неколку месеци по ред, ги наведоа научниците да истражат дали човечката активност предизвикала пресврт во климатскиот систем или дали сме сведоци на значителна промена во климатскиот систем.

Емисиите на стакленички гасови од согорувањето на фосилните горива се главната причина за климатските промени. Во последните месеци, природниот феномен Ел Нињо, кој ги загрева површинските води во источниот дел на Тихиот Океан, исто така ги зголеми температурите.

Во април се забележани одредени временски екстреми, вклучително и топлотниот бран во Сахел кој е можна причина за илјадници смртни случаи.

Климатологот Хејли Фаулер од Универзитетот во Њукасл рече дека податоците покажуваат дека светот е опасно блиску до прекршување на целта на Парискиот договор од 2015 година за запирање на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа.

Неговото мислење е дека светот веќе ја изгубил таа битка и дека сега мора што побрзо да работи на намалување на емисиите на штетни гасови за да се задржи зголемувањето на глобалната температура под 2 степени Целзиусови во однос на прединдустрискиот период.

Излезност до 18:30 часот: На претседателските избори 46,34%, на парламентарните 53,36%

Според податоците на Државната изборна комисија до 18:30 часот за нов претседател гласале 46,34% од регисгтрираните гласачи, што значи дека цензусот е исполнет.

Излезноста на парламентарните избори до 18:30 часот е 53,35%.

притисни ентер