Фото: Италијанска убавица на плажа за Нова Година

Лаура Кремаски е една од најубавите жени на Италија.

Атрактивната убавица покажа како ја прослави Новата година. Лаура и на дочекот и на репризата беше во била во минијатурно бикини на плажа.


Напад со нож во Швајцарија: Среде улица се повредени неколку минувачи (ФОТО)

Маж вооружен со нож нападнал случајни минувачи во швајцарскиот град Кофинген, пренесе АФП, повикувајќи се на локалната полиција.

Според агенцијата, неколку лица се ранети, објави Курир.

Напаѓачот е приведен.

Муслиу: На партиите во Албанскиот блок им порачувам наративот да си го користат меѓу себе

„Нас како граѓани првенствено не' интересира проблемот да се реши“

Изборниот резултат не е само поради уставните измени. Реално се' им се удри од глава на СДСМ, ДУИ си ги одржа своите работи. Дел се внатрешни , дел се надворешни причини, дел се некоректност на ЕУ. На Радев ставовите се јасни, да се прашуваше тој ниту преговарачка рамка немаше да имаме.

Во Албанскиот политички блок се води борба за легитимноста, една од главните теми беше условувањето на владата за уставните измени, во предизборието кампањата сговореше дека нема влада без уставни измени. Не верувам дека Ахмети излажа дека бил потпишан некаков документ, а тој што го потпишал го обландираше како џентлменски договор. Би им препорачал наративот да си го користат меѓу себе, бидејќи ќе генерираат негативен став од другата страна и отешко ќе биде тоа да се случи, го слушнавме Мицкоски како рече дека со разговор, да, но со уцени не. Нас како граѓани првенствено не' интересира проблемот да се реши, рече Алберт Муслиу во Само Вистина.

Најнаселен остров на светот- помал е од фудбалско игралиште, а на него живеат 1.000 луѓе(ВИДЕО)

Островот Мигинго изгледа нереално! Парче земја од 2.000 квадратни метри (половина од просечно фудбалско игралиште) се наоѓа во средината на езерото Викторија во Кенија.

Често се опишува како „школка на џиновска желка“, бидејќи лимените покриви се толку цврсто споени. Но, тоа не е единствената специфичност на ова место.

Ќе звучи неверојатно, но има повеќе од 1.000 жители, па затоа Мигинго е познат како „најнаселениот остров во светот“.

Оваа информација била доволна за режисерот Џо Хатаба од Дубаи, кој решил да преноќи на необичниот остров и да се запознае со локалното население.

Тој фатил лет до главниот град на Кенија, Најроби, по што патувал шест часа со автомобил до малото гратче Кисуму на брегот на езерото Викторија.

Последната делница ја поминал со брод, а патувањето траело два часа, пренесува Daily Mail.

Двајца кениски рибари Далмас Тембо и Џорџ Кибебе тврдат дека тие биле првите жители на островот, односно дека го населиле во 1991 година.

Како што можете да видите, куќите се изградени една врз друга, а до станбениот простор има продавници, кафулиња, аптека и полициска станица.

„Островот изгледа како фатаморгана“, рече Хатаба додека се приближуваше до својата дестинација.

На својата дестинација пристигнал вечерта, која ја искористил за да ја „впие“ атмосферата на едно необично место, за да открие како луѓето се забавуваат.

„Овде сите заедно подготвуваат храна“, истакна тој, додека една жена му објаснила дека „основен оброк“ значи риба и помфрит.

Ноќта ја поминал во куќа на рибар, а утрото морал да ја посети полициската станица бидејќи чамецот со кој допатувал - исчезнал.

Хатаба извесно време поминал во друштво на рибари бидејќи сакал да ги види на дело.

притисни ентер