Првиот ден во новата 2015 година , дамите веќе може да го закачат овој календар на ѕидот.
Хокеарите од клубот Вестминистер од Велика Британија ги искористија трофеите за да си ја сокријат својата „гордост“ , а сето останато го покажуваат во календарот од чија продажба собраните средства ќе бидат искористени во хуманитарни цели.
Средствата собрани од календарот кој во Велика Британија се продава за 10 фунти , сигурно дамите ќе побрзаат да си го купат ќе бидат уплатени на сметка на една хуманитарна организација за лекување од леукемија и лимфома.
Хокеарите се одлучија на ваков потег откако на еден нивни соиграч му бил дијагностициран Нон – Хичковата лимфа.