Фото: Лажни Ферари и Ламборгини !!!

Во Бразил е откриена мала фабрика за производство на лажни супер автомобили!

Бразилската полиција откри и затвори фабрика во која се произведувале лажни автомобили од марките „Ферари“ и „Ламброгини“ .

Полицијата соопшти дека под обвинение за крадење на индустриска сопственост, уапсени се татко и син сопствениците на работилницата во која се правеле лажните „ферари и „Ламборгини“ која се наоѓала во градот Санта Клара.

Лажните автомобили направени во оваа работилница, сопствениците ги продавале и нуделе на купувачите преку социјалните мрежи по цена од 45000 до 60 000 долари, што е многу пониска цена од вредноста на оригиналните автомобили.

Полицијата не информирала какви делови биле вградувани во овие автомобили , но објави фотографии од автомобили кои се во фаза на производство со амблеми на овие славни и скапи италијански брендови.

Рацијата била направена по молбите од италијанските компании.

Во акцијата се запленети осум делумно завршени автомобили, а полицијата сега истражува колку автомобили досега биле направени во работилницата и продадени.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер