Фото: Новиот шампион во брзина!!

Шведскиот производител на  автомобили Кенигстег  тврди дека новиот „јеско“ ќе биде побрз од „агера РС“.

Откако „агера РС“ постави рекорд во категоријата 0-400-0 и најбрзите сериски автомобили ан светот, Кенигсег соопшти дека го пензионира овој модел , за да се посвети на нешто ново.

Новиот супербрз автомобил премиерно е преставен на годинешниот Саем на автомобили во Женева.

Новиот автомобил на шведската компанија зад кој стои Кристијан вон Кенигсег се вика „кенигсег јеско“, а името го добил по таткото на Кристијан, кој„го подржал сонот на синот“ да создаде еден ваков автомобилски бренд.

На основ на стимулацијата, се предвидува дека овој двосед ќе може да достигне брзина од неверојатни 300 милји на час, односно повеќе од 482 километри на час.

За ова да биде возможно инженерите значително го унапредиле моторот кој досега се вградувал во „агера РС“ . Станува збор за петлитарски В8 бит турбо единица, која развива најмногу 1600 коњски сили( кога се користи горивото Е85 , кое е комбинација од етанол и бензин) со обртен момент од 150 нМ.

Сепак најимпресивниот дел на „јеско“ е неговиот нов деветостепен менувач кој производителот го развил самостојно.

Компанијата овој систем го нарекла„ Светлосно брза трансмисија“ кој користи седум засебни куплунзи.

Овој неверојатен автомобил не е само за постигнување на рекорди туку и за уживање во секојдневните возења.

Пред возачот се наоѓа екран од 5 инчи, поставен на столбовите од воланот. Автомобилот има 20 и 21 инчни карбонски фелни, чија маса изнесува само 5,9 односно 7,7 килограми. Целиот автомобил е тежок околу 1400 килограми.

Цената на супер брзиот автомобил изнесува околу 3 милиони евра, па не е чудо што само фелните чинат повеќе од 60 000 евра. Планирано е да бидат направени само 125 примероци од овој автомобил.

Рангник го одби Баерн

Селекторот на австриската репрезентација Ралф Рангник одби да ја напушти репрезентацијата за да го преземе Баерн Минхен.

- Со цело срце сум посветен да работам за австриската репрезентација. Неизмерно уживам во мојата работа и планирам да продолжам по патот што го избравме. Сакам да истакнам дека ова не е одбивање на Баерн, туку одлука во корист на мојот тим и нашите заеднички цели. Целосно сме фокусирани на Европското првенство и ќе дадеме максимум за да одиме што подалеку, изјави Рангник, за официјалниот сајт на Фудбалскиот сојуз на Австрија.

Претходно беше објавено дека Рангник би можел да стане нов тренер на Баварците. /МИА

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Се враќаат старите цени на осигурувањето при регистрација на возилата. 

Ваква одлука беше донесена откако денеска Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ја разгледа анализата на Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Предлог-одлуката е доставена на усвојување до Владата на Македонија

Освен тоа, Комисијата утврдила и потреба од измени на Тарифата за премии за осигурување и подготвила Предлог-измени во насока на заштита на корисниците.

-Предложените измени се насока на утврдување на опсег од 15% до 30% во кој друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност, а за секој износ на овие трошоци над 30% да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување. Комисијата е задолжена најдоцна до 30 септември секоја година до Владата да доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година. – Министерство за финансии

Од Финансии додаваат дека одлуката е резултат на недостатокот на финансиски анализи од осигурителните компании, кои како единствен аргумент на кој се повикале биле растечките трошоци од работење.

Според анализата на Агенцијата за супервизија, пак, 10 осигурителни компании оствариле добивки за 2023 година, а само една завршила со загуба од работењето.

Поскапувањето на полисата за осигурување стапи на сила од минатата недела и граѓаните плаќаа од 840 па до речиси 1600 денари поскапа цена, во зависност од моќноста на возилото. Дали на тие што веќе платиле по новите цени,сега ќе им бидат вратени парите, во соопштението на финансии одговор нема.

Швајцарија објави дека во оваа фаза Русија не е поканета на мировните преговори за Украина

Швајцарската влада денеска соопшти дека „во оваа фаза“ Русија не е поканета да учествува во разговорите за постигнување мировен договор меѓу Москва и Украина, што ќе се одржат во Швајцарија во средината на јуни.

-Швајцарија е убедена дека Русија треба да биде вклучена во овој процес, се вели во соопштението на владата во Берн.

Се додава дека мировниот процес без Русија е невозможен. /МИА

притисни ентер