Славниот тенисер по веридбата сега ја подготвува луксузната свадба во родната Мајорка.
Според шпанските медиуми популарниот Рафа до средината на месец јуни ќе го изговори судбинското „ДА“ по 14 години во врска со убавата Марија Франциска Перељо.
Се уште не е познат точниот датум на свадбата на 32 годишниот Рафа и две години помладата Фрациска, но медиумите шпекулираат дека свадбата ќе се случи меѓу средината на јуни и почетокот на јули.
Медиумите најавуваат дека свадбената церемонија ќе биде гламурозна , се ќе биде организирано во Мајорка .
Според првичните информации на свадбата на Рафа и Франциска ќе присуствуваат околу 500 најблиски пријатели и соработници на познатата двојка.
Што се однесува до храната, Рафа и Францска ќе имаат поинакво мени од оснатаните гости кои ќе имаат на располагање традиционална шпанска кујна зазирана на риба и месо.
Славниот тенисер и убавата црнка се во врска веќе 14 години и се познаваат целиот живот. Двајцата растеле во ист крај. Во моментов убавата Франциска која дипломирала бизнис е директорка на хуманитарната фондација на Рафа, која Надал ја основал уште пред десет години.