Ова е ставот на експерти од Земјоделскиот факултет и производители на мед, по повод Меѓународниот ден на пчелата, 20-ти мај. Тие апелираат – земјоделците да не користат забранети препарати при прскање на своите насади, бидејќи со тоа сериозно го загрозуваат опстанокот на пчелите.
Дополнителен проблем за пчелите, но и целокупното производство на мед, според производителите, се и климатските промени.
Дека климатските промени се најголем непријател на пчелите покажувааат податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство. Според нив, во 2022 година во земјава имало 290.879 пчелни семејства, за седум отсто помалку во споредба со 2021 година. Кога станува збор за производството, во 2018 година биле произведени околу 560 тони мед, а во 2021 година само 140 тони мед.
Инаку, пчелите работнички живеат до 40 дена и за тој период произведуваат една лажица мед. За луѓето една лажица мед, а за пчелата цел живот.