Франција во невидена драма ја победи Шведска за финале на ЕП

Неверојатен натпревар одиграа Шведска и Франција во полуфиналето на ЕП.

Французите славеа по продолженија 34:30. Во првото полувреме Франција имаше седум поени предност (13:6), на одмор замина со огромни 17:11 за триколорите, но Швеѓаните во продолжението на крилата на неверојатниот голман Андреас Паличка создадоа невидена пресврт и во последната минута се влезе со 27:25 .

Французите прво намалија, а потоа Готфридсон направи чекор напред. Како што истекуваше времето, Франција доби прекршок од повеќе од десет метри, а Елохим Пранди успеа да го направи невозможното - погоди крај ѕидот под гредата за продолжение. Тој гол ги победи Швеѓаните, а во продолжението немаа сили за нов пресврт.

Неверојатен беше исходот на дуелот во Ланксес арената, во кој една одбрана ги одвои Швеѓаните од второ последователно еврофинале, откако во вториот дел успеаја да ја надополнат негативата од шест гола од првите 30 минути.

Французите беа убедливо подобриот тим во првото полувреме, што беше видливо и во резултатот, бидејќи во вториот дел од натпреварот влегоа со водство од 17:11. Сепак, Шведска за нешто повеќе од девет минути ја избриша негативата и израмни (18:18). Французите за кратко повторно станаа ефективни и поведоа со 21:18 во 43. минута со три последователни гола. Сепак, Швеѓаните возвратија и повторно израмнија во 47. минута (21:21).

Тогаш на сцена стапи шведскиот голман Андреас Паличка, кој одбрани три седмерци во низа и им овозможи на Швеѓаните во последните две минути да влезат со два гола предност. Швеѓаните имаа гол предност и топка за како што изгледаше последен напад, но Готфридсон беше предодреден да се пробие на шест секунди пред крајот. Французите успеаја да дојдат до противничката деветка, каде што им беше досуден слободен удар со истекот на времето.

Швеѓаните поставија жив ѕид пред Елохим Пранди, но Французинот со силен удар успеа да ја испрати топката меѓу рацете на шведските играчи и под гредата за израмнување на 27:27.

Шведските репрезентативци останаа во неверување дека тоа им се случило и на тој начин одиграа дополнителни десет минути. Дилан Нахи ги постигна првите три гола во продолжението, кои беа негови единствени голови на натпреварот, од кои Швеѓаните никогаш не се созедоа. Французите на тој начин стигнаа до своето четврто финале на европските првенства, а на сите три претходни излегоа како победници.

Во второто полуфинале (20:30 ч.) се среќаваат Германија и Данска.

И Германците и Данците ќе бараат пат до своето четврто финале, а двете репрезентации имаат по две европски шампионски титули. Германија последен пат победи во финалето во 2016 година во Полска кога го освои златото, а Данска последен пат за титулата играше во 2014 година како домаќин, но загуби од Франција, која повторно ја чека финалето.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер