Францускиот Монпелје еден од ривалите на Зомимак во Б- Групата од ЕХФ Купот

Македонскиот ракометен суперлигаш Зомимак денеска на ждрепката во Виена ги доби противниците за групната фаза во ЕФХ Купот.

Зомимак ќе игра во Б- Групата против францускиот Монпелје, данскиот Скјерн и португалскиот Спортинг .
Струмичани во салата парк ќе може на дело да го видат еден од најдобрите светски голмани Тиери Омејер. Славниот францускиот голман е лидер на Монпелје .

Македонија покрај Зомимак во групната рунда на ЕФХ Купот ќе има свои претставници и во романската Констанца .
Тимот на нашите Шундовски И Ангеловски ќе игра во Групата –Д заедно со екипите на фаворитот Фуксе Берлин, Шамбери и Спорт Хлодовец(Словачка)..

ГРУПА А: Хановер, Адемар Леон, Луги, Чургои
ГРУПА Б: Монпелје, Скјерн, ЗОМИМАК, Спортинг
ГРУПА Ц: Пик Сегед, Татран Прешов, Нант, Кристијанштад
ГРУПА Д: Фуксе Берлин, Констанца, Шамбери, Спорта Хлодовец

Натпреварите од првото коло во ЕХФ Купот ќе се играат на 8 или 9.февруари 2014 година.

Македонија годинава во пролетната сезона во европските ракоменти купови ќе има дури четири преставника. Вардар , Металург и Вардар СЦБТ во Лигата на шампионите и Зомимак во ЕХФ Купот.

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

Без струја дел од скопските општини Илинден и Кисела Вод

 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „34“ во населбата Илинден, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода.

Во Скопје санкционирани 108 возачи

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 108 мерки за прекршоци во областа на сообраќајот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Од нив, девет мерки се за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас...

притисни ентер