Францускиот премиер за лет до Токио потрошил 350.000 евра!

Францускиот премиер Едуар Филип денеска ги отфрли критиките за неговата одлука да потроши 350.000 евра од буџетот за авион од приватна компанија со кој премиерот и неговата делегација се вратиле во Франција од посета на Јапонија.

– Целосно ги разбирам вознемиреноста на францускиот народ. Знаевме дека нема комерцијален лет од Токио во тој период, а моравме да се вратиме во Париз бидејќи претседателот Макрон заминуваше во посета на Алжир. Правилото е, секогаш кога е тоа возможно, или премиерот или претседателот да биде во Франција. Преземам целосна одговорност за одлуката, изјави Филип.

Премиерот Филип е критикуван поради тоа што сепак на располагање имал службен авион на француската Влада, но не го искористил, наводно поради тоа што леталото не било доволно удобно. На крајот, изнајмениот приватен авион пристигнал во Париз само неколку часа пред владиниот авион, кој летал празен.

Критиките кон Филип доаѓаат во време кога и претседателот Макрон е критикуван поради скапата прослава на неговиот 40-ти роденден во кралскиот замок Шамборд. Но, во овој случај, Макрон и неговата сопруга за прославата платиле од свој џеб.

Ѓорческа на стартот од квалификациите на Ролан Гарос против Рувруа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во следната недела ја очекува настап на квалификациите на Ролан Гарос. 

На денешната ждепка за квалификациите македонската тенисерка за противничка во првото квалификациско коло ја доби домашната тенисерка Французинката Марго Рувруа.

Рувруа има 23 години и се наоѓа на 277. место на ВТА листата и во квалификациите настапува со вајлд карта. Нејзиниот најдобар пласман во кариерата е на 231.то место остварен на 15.јаниари 2024 година.

Ова е втор настап на Грен слем турнир оваа година за Ѓорческа откако претходно беше дел од квалификациите на Австралија Опен во Мелбурн.

Нашата тенисерка веќе неколку дена се наоѓа во Париз и тренира на терените на Ролан Гарос.

Мечот Ѓорческа – Рувруа ќе се игра во вторник. /МИА

Во Тунис собир за поддршка на претседателот Сајед

Неколку стотици луѓе денеска се собраа во главниот град на Тунис во знак на поддршка на претседателот Каис Сајед, по неодамнешните апсења на новинари, адвокати и други дисиденти и јавни личности.

Меѓународната заедница ги осуди апсењата во Тунис. Пред неколку дена Обединети нации и Европска Унија бран апсења го оценија како незаконски, но Сајед секоја меѓународна критика ја нарече „мешање од странство“ и му нареди на Министерството за надворешни работи да ги покани на разговор амбасадорите на неколку земји.

Демонстрантите денеска носеа транспаренти со натпис „Нема странско мешање, бидејќи ние сме суверена држава“.

Туниското граѓанско општество го осуди неодамнешното задушување на владините критичари додека земјата се подготвува за претседателските избори оваа есен.

Изминатите денови беа уапсени неколку експерти, новинари, адвокати и претставници на граѓанското општество. Покрај тоа, околу 40 личности, меѓу кои и осум политички противници на Сајед, поранешни министри и бизнисмени, беа приведени како дел од истрагата за „заговор против државната безбедност“./МИА

Одиграни мечевите од првото квалификациско коло на „Macedonian Open 2024“

На терените на ТК Југ во Градски парк, денеска стартуваа мечевите на годинашново издание на „ATP Challenger 75 турнирот Macedonian Open 2024“. Во првото квалификациско коло настапија и четири македонски тенисери, кои се елиминирани. 

Најискусниот играч на турнирот македонскиот тенисер Димитар Грабул одигра меч против младиот хравтски тенисер Лука Микрут од кого загуби со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4). Мечот траеше 88 минути, притоа дури осум гема беа решени на разлика, а во вкупниот број поени биланост беше 77:65 за Микрут, а само еден гем заврши на „0“ и го освои Грабул.

Неизвесен прв сет одигра и Берк Бугариќ, против Жером Ким од Швајцарија, откако ривалот поведе со 5:2 во гемови Бугариќ успеа да изедначи на 5:5, а потоа двата гема ги освои Ким, кој беше сигурен во вториот сет и го освои без загубен гем. Буграиќ загуби со 2-0 во сетови (7:5 и 6:0).

Шендрите Деари го загуби мечот од Лука Павловиќ од Франција со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4), притоа неговиот ривал ги искористи можностите и го доби мечот.

Четвртиот македонски тенисер кој настапи во квалификациите беше младиот Амар Хусеиновиќ, кој загуби од Константин Битон Козмин од Франција со 2-0 во сетови (6:0 и 6:1)./МИА

притисни ентер