Фуере: ЕУ не треба да ги потценува заканите од Бугарија кон Македонија

Поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, во изјава за МИА вели дека заканите за блокирање на преговарачкиот процес со ЕУ од страна на Бугарија треба да ја загрижи Европската Унија.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел по објавувањето на извештајот за реформскиот напредок на Македонија и другите земји од регионот, поранешниот ЕУ амбасадор се осврнува на најавите за можна блокада од Бугарија и предупредува дека тие можат да го загрозат регионот.

– Ова прашање е многу загрижувачко затоа што покажува дека некои земји членки го користат членството во ЕУ за да наметнат националистичка агенда, ова е нешто што ЕУ не смее да го потцени, ниту земјите членки ниту институциите на ЕУ, ова е многу сериозен проблем, кој сме го виделе и во минатото со Словенија и Хрватска и покажува колкава е тежината на историјата на западниот Балкан, вели Фуере.

Тој се надева дека билатералните разлики помеѓу Скопје и Софија за идентитетските прашања нема да се дозволи да го попречат процесот на интеграција на Македонија која со години веќе чека отворање на вратите за преговори со ЕУ. За Фуере би било добро да се изјасни и специјалниот претставник за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, назначен пред неколку месеци од страна на шефот на европската дипломатија Жосеп Борел, за дијалогот Белград – Приштина, но и за други регионални спорови.

– Би било добро специјалниот претставник за дијалогот Белград – Приштина и за Западен Балкан да се занимава со овие прашање во даден момент, инаку постои опасност да се попречи пристапниот процес и да се зголеми националистичкото чувство во време кога треба да се промовира помирување во земјата и во регионот. Јас не би ја потценувал загриженоста што ја предизвикува ова прашање, коментира Ерван Фуере во изјавата за МИА.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер