Гасперини: Сега Лигата на Европа е приоритетна цел за Аталанта

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не се откажува од обезбедување место во Серија А кое носи учество во Лигата на шампионите следната сезона, но како приоритетна цел во моментов го посочи дуелот со Марсеј во Лигата на Европа.

Аталанта вчера во натпревар од 34. коло на Италијанското фудбалско првенство го совлада Емполи со 2:0.

- Ако успееме да освоиме што повеќе бодови во домашното првенство нашата позиција на табелата може значително да се промени. Но сега за нас Лига Европа ни е приоритет и мораме да бидеме внимателни, бидејќи Марсеј е силен тим. Во четврток е првиот натпревар од полуфиналната пресметка. Двата меча се важни, но првиот може да малку побитен, изјави Гасперини за „Football Italia“.

Аталанта е шеста во Серија А со 57 бодови.

Во полуфиналето на Лига Европа на 2 мај тимот од Бергамо ќе гостува на Марсеј. /МИА

Љупчо Палевски е на пат од Истанбул кон Скопје- директно ќе го пренесат во Шутка

Првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, Љупчо Палевски-Палчо пристигнува во Македонија со комерцијален лет од Истанбул.

Палевски вечерва ќе биде екстрадиран од Турција со редовен лет од Истанбул на скопскиот аеродром во 19:30 часот.

Потоа веднаш ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари, дознава Канал 5.

Нова снимка на атентатот врз Фицо- премиерот се фаќа за стомак и паѓа преку ограда (ВИДЕО)

Словачките медиуми објавија ново видео од нападот на премиерот Роберт Фицо, кој денеска беше тешко ранет за време на посетата на Хандлова, каде што одржа состанок на владата.

На видеото јасно се гледа кога напаѓачот вади пиштол и испукува пет истрели.

Ранетиот Фицо, како што може да се види на видеото, се фаќа за стомакот и паѓа преку малата ограда на зелениот простор.

Дел од обезбедувањето веднаш скока и го совладува напаѓачот, а дел му доаѓа на помош на тешко ранетиот словачки премиер.

Откако бил погоден, Фицо итно бил пренесен во болница.

Според локалните медиуми, лекарите се борат за неговиот живот.

Путин и Бајден се огласија по атентатот врз Фицо- двајцата лидери со заеднички став

Претседателите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин зборуваа за нападот врз словачкиот премиер Роберт Фицо.

Во изјавата, американскиот претседател изрази загриженост за нападот и рече дека тој и неговата сопруга Џил „се молат за брзо закрепнување“ на Фицо.

„Нашите мисли се со неговото семејство и со народот на Словачка.

„Го осудуваме овој ужасен чин на насилство. Нашата амбасада е во близок контакт со владата на Словачка и е подготвена да помогне“, рече Бајден.

Рускиот претседател го нарече пукањето „монструозно“ злосторство за кое „нема оправдување“.

Во телеграмата до словачката претседателка во заминување Зузана Чапутова, рускиот лидер изјави:

„Роберт Фицо го познавам како храбар и решителен човек.

„Се надевам дека овие квалитети ќе му помогнат да ја преживее оваа тешка ситуација.

Путин му посака на Фицо „брзо и целосно закрепнување“.

притисни ентер