Генерален штрајк во Грција

Од Синдикатот штрајкуваат против поскапувањата и бараат зголемување на платите и враќање на колективните договори.

Синдикатот на вработените во приватниот сектор во Грција, еден од двата најголеми синдикати во земјата, утрово започна со генерален 24-часовен штрајк во кој учествуваат и низа федерации, а за претпладнево е закажан и протест, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Синдикатот штрајкуваат против поскапувањата и бараат зголемување на платите и враќање на колективните договори.

Бродовите денеска ќе останат закотвени на пристаништата, намален ќе биде бројот на возови што ќе сообраќаат, а проблеми ќе има и во јавниот превоз во Атина.

Грчката метропола ќе биде без метро и трамвај, автобусите и тролејбусите ќе работат од 9 до 21 часот, а до 15 часот ќе штрајкуваат и таксистите.

Иако во штрајкот не учествува другиот голем синдикат, оној на вработените во јавниот сектор, сепак одредени федерации донесоа одлука денеска да штрајкуваат.

Меѓу нив се Асоцијацијата на лекари во државните болници во Атина, Федерацијата на просветни работници, Федерацијата на сметководители, Федерацијата на организациите на банкарските службеници.

Новинарите во Грција, како што е пракса во изминатите години при генерални штрајкови, учествуваат, но ден претходно, па така вчера одржаа 24-часовен штрајк, поддржувајќи ги барањата на синдикатот.

За претпладнево, во Атина и во други грчки градови закажани се низа протест.

Патот под нозе и право на шетање! – Идеално растојание за да си ја вратите формата!

Едноставни здрави навики кои може да го променат нашето здравје.

Иако многумина мислат дека салите за вежбање и трчањето се начин да се добие добра форма, витка линија и генерално, добро здравје, факт е дека пешачењето носи многу придобивки. Ова е еден од најпристапните начини за вежбање, а малкумина се свесни за неговото влијание не само врз согорување на калориите, туку и за неговиот позитивен ефект врз физичко и ментално здравје.

Прошетката го „чисти“ мозокот

Пешачењето честопати е во сенка на интензивните активности, но сепак тоа е еден од најефикасните начини да го подобрите целокупното здравје. Покрај тоа што го разбиструва умот, го подобрува кардиоваскуларното здравје и помага во регулирање на тежината.

Колку пешачење е потребно дневно?

Не постои совршено растојание кое може да се помине за еден ден. Не постои универзален стандард кој важи за секого подеднакво, бидејќи пешачењето треба да биде прилагодено според здравствената состојба на лицето и целта што сака да ја постигне. Затоа, треба да се земе предвид следново:

- Луѓето со вишок килограми согоруваат повеќе калории на поминат километар бидејќи тежината влијае на тоа колку треба да пешачите.

- Ако сте почетник, почнете постепено со прифатливо темпо и растојание, а потоа постепено зголемувајте го растојанието и темпото.

- Поставете си јасни цели, односно, остварливи. Ако целта ви е да изгубите одредени килограми, тоа ќе бара подолги прошетки.

- Усогласувањето на пешачењето со урамнотежената исхрана е клучно. Тоа може да го забрза вашиот напредок кон целта.

Идеално растојание за пешачење

Иако барањата варираат од личност до личност, некои општи упатства сугерираат дека поминувањето 10.000 чекори дневно е оптимално, што е околу 7-8 километри, при што се согоруваат 300 до 400 калории, што е еднакво на половина килограм губење на тежината неделно, доколку имате балансирана исхрана.

Како да се случи тоа?

Во денешниот брз начин на живот, мисловна именка е да поминете толку километри ако сте зафатени со работа, ако работите седејќи и користите превоз до работа, до град и слично. Еве неколку упатства како да го интегрирате пешачењето во вашиот динамичен живот:

- Поделете ги вашите прошетки - прифатливо е во текот на денот да имате пократки, а почести прошетки, на пример, утрински, попладневни и вечерни.

- Транспортот заменете го со пешачење - најидеално е, доколку е изводливо, да пешачите до работа наместо да возите или да користите јавен превоз.

- Користете ги скалите - иако многумина ќе ги превртуваат очите на овој предлог, факт е дека лифтовите иако ни го олеснуваат патот до станот, не се добри за нашето здравје.

- Наместо во кафуле, одете на прошетка – наместо секогаш да седите во кафуле, може да пешачите со пријателите, тоа секако ќе има позитивно влијание на вашето физичко здравје.

„Откако се разведов завршив како бездомник и едвај имав за храна“! (видео)

Сиот свој живот го посветила на сопругот и децата...

„Никогаш немојте финансиски да зависите од сопругот“ – порача Џени Гејџ во својата потресна исповед.

Во последно време на социјалните мрежи се популаризира претераната посветеност на жената кон својот сопруг и децата. Гледајќи ги сите тие објави, се добива впечаток дека животот на една домаќинка е гламурозен, домот им блеска, децата се беспрекорно чисти, а сопругот финансиски обезбедува сè што е потребно. Сепак, сето ова најчесто е само илузија која всушност нема многу врска со реалниот живот на домаќинките.

Ултиматум после свадбата

Како што изјавила Џени Гејџ (49) за „Бизнис инсајдер“ сиот свој живот го посветила на сопругот и децата. Таа пораснала во Аризона во конзервативно мормонско семејство, каде уште од мала ја учеле дека жените остануваат дома, додека мажите работат, носат пари и финансиски се грижат за семејството.

- Кога бев дете, мојот живот се состоеше од топол леб од рерна со домашен путер, и мајка ми која ни ја шиеше облеката. По училиштето, таа ќе нѐ натовареше во караванот и нѐ носеше на излети покрај езерото. Тоа ми беше најубав период, но и најлош. Во моето семејство немаше вработени жени. Повеќето жени се мажеа на возраст од 18 до 20 години и од тој момент стануваа само мајки, домаќинки и сопруги - се присетила Џени.

Таа имала 17 години кога се запишала на мормонски колеџ со желба да стане адвокат за меѓународна трговија. Меѓутоа, ѝ било јасно дека попрво ќе стане мајка и жена, и дека тоа е нејзината божествена цел.

На факултетот Џени го запознала нејзиниот сопруг Џејк, со кого се омажила после 11 состаноци.

- Штом се венчавме, Џејк ми постави ултиматум: „Ако сакаш да останеш во брак со мене, тогаш нема да одиш на факултет. Ако сакаш да одиш на факултет, тогаш можеме да се разведеме и да си продолжиш со својот живот“. Се сеќавам дека си помислив оти ќе ме снајде пекол ако се разведам, па решив да останам во брак – додала таа.

Првиот син го родила на 23 години, и покрај обврските околу бебето и домаќинството, му помогнала на сопругот да развие бизнис со шофершајбни. Остроумната и паметна, Џени од ништо успеала да развие одличен бизнис, но целата заслуга му припаднала на нејзиниот сопруг.

Се сеќавам дека свештеникот од нашата црква ми кажа дека во семејниот проглас јасно е утврдена нашата божествена улога да бидеме мајки. Веќе следната недела престанав да работам, па дури и кога му помагав на сопругот во други работи, за тоа не добивав никакви пари - рекла Џени.

Се грижела за сопругот и петте деца

Таа родила пет деца, се грижела за потребите на сопругот, чистела и готвела.

- Имавме убави работи, но се чувствував мизерно. Сè беше домашно... Моите деца дури и не знаеја што е леб купен од продавница. Нивниот живот беше магичен, а мојот како да живеам во златен кафез - се присетила таа.

Во првите две години од бракот имала заедничка сметка со сопругот, но тој искористил една расправија и отворил своја, до која Џени немала пристап. Парите за домашните работи ѝ ги давал во коверт, таа целосно била зависна од сопругот.

Џени не крие како со текот на годините се „гушела“ и се чувствувала заробено. За да го задржи сопругот се грижела да не се здебели.

- Се разболев во 2011 година, кога ми беше дијагностициран тумор на цревата. За среќа, тоа беше бенигно, па не морав да одам на хемотерапија. Во тие моменти мојот сопруг стана неподнослив, но не можев да го оставам бидејќи ми беше потребен да се грижи за децата и за мене. Немав пари, немав здравствено осигурување, а без него не ќе можев да си дозволам лекарски прегледи – низ солзи раскажала Џени.

А потоа, во 2017 година дознала дека нејзиниот сопруг ја изневерува.

- Како домаќинка дојдов до моментот кога станав свесна колку физички, финансиски и емоционално сум вложила во животот со мојот сопруг. Не го оставив, бидејќи знаев дека без него немам дом, немам каде да спијам, немам ништо – низ солзи раскажала оваа напатена жена.

Бездомничка по разводот

Меѓутоа, набргу сфатила дека жената со која ја изневерувал сопругот е само една од низата негови неверства, па решила да се разведе.

- Нашиот брак заврши во 2019 година, а јас сè уште се обидувам да продолжам со животот. Срамот од разводот падна на моите плеќи, иако тој ме изневеруваше. Живеев како бездомник додека се разведувавме. Морав со децата да се преселам во напуштената гостинска куќа на вујко ми. Тоа беше голем повик за будење! Морав да научам како да промена светилка, како да отворам банкарска сметка. Сè уште не сум финансиски стабилна, имам заштеда од 400 долари, храна купував со купони три и пол години – додала Џени.

После 24 години брак и сè што вложила во семејството, завршила на улица без ништо.

- Денеска работам разни работи седум дена во неделата, но не се жалам. Имам помалку пари од кога било во мојот живот, но сум посреќна од кога било досега, затоа што повеќе не зависам од мојот сопруг. На жените би им порачала никогаш да не се потпираат на никого освен на себеси и никогаш, ама баш никогаш да не зависат финансиски од своите сопрузи – изјавила Џени Гејџ на крајот од својата шокантна исповед.

@lifetaketwo I wish Mormon Jennie had known. #exmo #mormon #exjw #christian #atheist #church #utah #lds #bookofmormon #religion #cult ♬ vlog type beat - Fleeky

@lifetaketwo #divorce #abuse #cheating #adultery #domesticviolence #mormon ♬ original sound - Jennie
притисни ентер