Германија воведува задолжителна вакцинација против мали сипаници

Вакцинирањето против мали сипаници ќе стане задолжително за децата и вработените во германските детски градинки и училишта од март в година, одлучи германската влада.

Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел го одобри предлогот наведувајќи дека бројот на случаи на мали сипаници значително се зголемил во текот на изминатите години. Се очекува дека членовите на германскиот парламент, каде што владејачката коалиција на Ангела Меркел има мнозинство, ќе го одобрат законот.

Според програмата што ќе се применува од март 2020 година, родителите на деца од училишна возраст, почнувајќи од детска градинка, ќе мора да дадат докази за вакцинација.

Непочитувањето на овој пропис значи дека на децата нема да им биде дозволено да се запишат во детските градинки и нивните родители може да бидат парично казнети. Родителите на постарите ученици ќе мора да платат глоба до 2.500 евра.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер