Германската полиција го уапси убиецот на двајцата млади полицајци

Полицијата попладнево го уапси 38-годишниот Јоханес Андреас Шмит во сојузната покраина Сар, на крајниот запад на Германија, под сомнение дека убил двајца млади полицајци при рутинска проверка во раните утрински часови.

„Го уапсивме лицето што го баравме“, соопшти полицијата во Сар. Претходно полицијата распишала потерница по 38-годишниот Јоханес Андреас Шмит, чии документи биле пронајдени на местото на убиството. Полицијата додала дека уапсила уште едно лице во Сар, без да даде детали.

Шмит е осомничен за убиството на 24-годишната полицајка која сè уште била на обука и нејзиниот 29-годишен колега во раните утрински часови во соседната сојузна покраина Рајнска област-Пфалц. Според полицијата, тој веќе им е познат на властите по бегството од местото на настанот. Тој поседувал дозвола за оружје.

Засега не е познато дали во автомобилот со осомничениот имало уште луѓе. Убиените полицајци во багажникот на автомобилот на осомничениот пронашле мртво диво животно. После тоа дошло до ескалација. Убиениот полицаец испукал неколку истрели од оружјето пред да биде смртно застрелан. И двајцата полицајци носеле униформи и заштитни елеци.

Политичарите во двете сојузни држави изразиле бес поради убиството на полицајците, објавија германските медиуми.

Пуштен во употреба новиот парк на булеварот „Февруарски поход“ во Аеродром

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, со интонирање на македонската химна и подигнување на македонското знаме, денеска официјално беше пуштен во употреба новиот парк лоциран на булеварот „Февруарски поход“ во Општина Аеродром.

На денешниот настан присуствуваше градоначалникот на Општина Аеродром, кој заедно со претседателот на советот Дејан Митески, извидниците и дечињата од детската градинка „Буба Мара“, го означија крајот на изведбата на еден важен проект реализиран од страна на општинското јавно претпријатие за комунални дејности.

Работните активности опфатија целосно хортикултурно и партерно уредување, поставување на нова урбана опрема, како и јарбол со македонското знаме.

Маричиќ: Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ

ЗА реформи, ЗА европски фондови, ЗА европска иднина на Македонија.

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидатот за пратеник Бојан Маричиќ во својата изјава за медиуми посочи дека СДСМ е најсериозната и единствената политичка опција во Македонија која може да обезбеди продолжување на преговорите со ЕУ.

Во продолжение проследете ја изјавата:

"Со отворање на поглавјата, со сплотеност и со дисциплина за реформите, влегуваме во финиш на промените кои ни носат европски стандарди и европски квалитет на живот. Преговорите ни носат задолжително реформирање на јавната администрација и подобрување на стручноста на државните службеници.

Стабилен и доверлив судски систем, заштита на човековите права и борба против корупција. Ова ќе го обезбедиме низ преговорите, со помош од ЕУ. Со отворање на поглавјата се отвораат и нови фондови на ЕУ за подобрување на нашиот живот. Фондови за економски мерки, за земјоделство, за инфраструктура, за животна средина, за култура, за образование, за млади и уште многу повеќе.

До крајот на 2025 година очекувам за македонското општество, за граѓаните и за државата, да искористиме околу 500 милиони евра од ИПА2 и уште 200 до 300 милиони евра од ИПА3, пари доделени од Европската Унија.

За македонските земјоделци имаме над 210 милиони евра годишен од ИПАРД 3 за следните четири години.

Сега зависи само од нас. Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ, ЗА реформи, ЗА европски фондови, ЗА европска иднина на Македонија." - изјави Маричиќ.

Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски стекна стан и 4 милиони во банка?

Дарко Каевски ниту еднаш не одговори во јавност,како со првото вработување, како партиски подмладок за директор на АМС, на 30 години набилда четири милиони во банка и сопствен стан?

СДС ниту еднаш не објасни како дојде до концептот голтари влезени во политиката, а потоа милионери.

Почитувани, одговорот можеби е во предметот на ЈО.

Предметот на ЈО за работата на Дарко Каевски како директор на АМС можеби е и поттикот тој толку ревносно да настапува против членови и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, најгласен во нападите и ширењето дезинформациите, но можеби е и причина за неговиот рапиден раст во СДС, до пратеник и портпарол.

Отпочната е постапка за сомневања за противзаконско работење и злоупотреба, дека спортските федерации, клубовите и спортистите добивале ваучери, а одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите потоа да ги добие назад преку даночно ослободување.

Почитувани, Македонија тоне во корупција и криминал, тоне во партизација, ликови како Дарко Каевски стануваат милионери, а неговите врсници се иселуваат од татковината.

Почитувани, со вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ на изборите, ќе гласате ваквите ликови како Зоран Заев, Ковачевски, Венко Филипче, и нивните наследници како Дарко Каевски, да им биде испитан имотот и да одговораат за евентуални злоупотреби.

Промените се во Твои раце, Македонија повторно твоја!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер