Ги паркирал БМВ- то и Голфот во дневната за да ги спаси од ураган (ВИДЕО)

Американецот Ренди Џалил се откажал од својата комоција во куќата во Флорида за да ги спаси од ураганот своите два омилени автомобили.

Американецот се обидел да ги спаси колекциските модели BMW E30 во издание М3 и Golf GTI од 1984 година. Ако се сеќавате, истиот тој вљубеник во автомобили го паркираше својот БМВ во дневната соба во 2016 година кога на Флорида и се закануваше друг ураган.

Оваа година Доријан се закани, а Џалил веднаш го смести БМВ- то во дневната соба. Тој исто така најде места за стариот Голф. Џалил има голема гаража со две места за паркирање, но во неа има два нови автомобили, Шевролет Малибу на неговата девојка и Тојота Корола.

И девојката не беше против овој потег. "Ништо посебно, јас само сакав да заштитам што е можно повеќе автомобили. Мојата девојка се согласи бидејќи знае колку многу ги сакам моите автомобили", рече Џалил.

Гилад Ердан: Израел е разочаран од одлуката на САД да ја прекине испораката на муниција

Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан денеска изјави дека неговата влада е разочарана од прекинот на испораката на американски бомби во Израел.

„Тоа е многу разочарувачка одлука, дури и фрустрирачка“, изјави амбасадорот Ердан за вестите на Канал 12, додавајќи дека тој не мисли дека одлуката укажува на поширок прекин на американската помош за Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

Ердан истакна дека таа одлука произлегува од политичкиот притисок од Конгресот врз администрацијата на претседателот Бајден, од протестите во универзитетските кампуси низ САД и од претстојните претседателски избори во САД.

Неверојатна и досега невидена заплена на кокаин вреден 800 милиони евра (ВИДЕО)

Италијанската полиција заплени рекордна количина кокаин скриен во керамички банани.

Според италијанските медиуми, дрогата вредна 800 милиони евра е запленета во пристаништето Џоја Тауро, во регионот на Калабрија.

Дури 2.700 килограми кокаин биле скриени во керамички банани, а дрогата пристигнала од Јужна Америка.

Изворот кој ги открил деталите за оваа операција за медиумите изјавил дека имагинацијата на шверцерите нема граници, додавајќи дека регионот каде што е извршена заплената е под контрола на озлогласената Ндрангета.

На видеото кое е објавено се гледаат полицајци како со чекани кршат керамички банани и од нив вадат дрога.

Како што е објаснето, дрогата спакувана на овој начин е отпорна на конвенционалните скенери, па затоа е многу тешко да се открие.

притисни ентер