Ѓоковиќ и Надал ќе се сретнат во четвртфиналето на Ролан Гарос

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ и најдобриот тенисер во историјата на Ролан Гарос Рафаел Надал оваа година меѓу себе ќе играат во четвртфиналето на турнирот во Париз. Синоќа во мечевите од осминафиналето и двајцата постигнаа победи.

Ѓоковиќ го победи Ришар Гаске со 3:0 во сетови и притоа загуби само шест гема (6:1; 6:2; 6:3).

Надал загуби еден сет во мечот со Џек Сок – 3:1 (6:3; 6:1; 5:7 и 6:2).

На машкиот дел од турнирот немаше изненадувања и сите фаворите се пласираа во четвртфиналето.

Енди Мареј ќе игра против Давид Ферер, Кеи Нишикори против Жо-Вилфред Цонга (само Цонга го елиминира Томаш Бердих од првите осум носители) и Рожер Федерер против Стан Вавринка.

Во женска конкуренција имаше неколку изненадувања, па во осминафиналето беа елиминирани Марија Шарапова и Петра Квитова.

Денеска на програмата се по два четвртфинални меча во двете конкуренции: Ана Ивановиќ игра против Елина Свитолина и Гарбине Мугуруза за ривалка ја има Луси Сафарова кај жените и Нишикори – Цонга и Федерер – Вавринка кај мажите. /МИА

Синер ќе стане светски рекет број еден доколку Ѓоковиќ не стигне до финалето на „Ролан Гарос“

Италијанскиот тенисер Јаник Синер може да стане првиот рекет на светот врз основа на резултатите на Ролан Гарос, дури и без учество на турнирот.

За да се случи Синер да стане прв светски рекет, потребно е бранителот на трофејот на Грен слемот во Париз, Новак Ѓоковиќ да не стигне до финалето.

Ако Синер обезбеди полуфинале на „Ролан Гарос“, тогаш ни финалето нема да му биде доволно на Србинот.

Во моментов Ѓоковиќ е лидер на АТП ранг-листата со 9.990 бодови, Синер е втор со 8.860 бода.

МНР: Сите политички чинители, особено избраните државни функционери да бидат внимателни

Сите политички чинители, особено избраните државни функционери да бидат внимателни кон меѓународно преземените обврски како Преспанскиот договор.

Министерството за надворешни работи утрово соопшти дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби и на сите меѓународно преземени обврски како што е целосното почитување на Договорот за стратешко партнерство меѓу Република Македонија и Република Грција, познат како Договорот од Преспа.

МНР повикува на внимателност од страна на политичките чинители, особено, како што наведува, од избраните државни функционери.

-Изминативе седум години, двете соседни земји развија исклучително високо ниво на политички дијалог, кое резултираше и со неколкукратно зголемување на економската соработка и изградбата на позитивни врски меѓу луѓето. Овие придобивки резултираа со членството на земјата во НАТО, отворање на преговорите со Европската Унија, како и со надградба на стратешкото партнерство во стратешки дијалог со САД. Повикуваме на внимателност од страна на сите политички чинители, особено на избраните државни функционери. Задржувањето на евроатлантскиот курс на земјава претставува основен стратешки интерес и гарант за долгорочната безбедност и стабилност на земјата, нагласува МНР.

Главчев и Радев по инаугурацијата на Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат

 Бугарија не прифаќа изјави и однесување кои се во спротивност, како со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, така и со договорите меѓу Европската Унија и Република Македонија (РСМ). 

Бугарија не прифаќа изјави и однесување кои се во спротивност, како со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, така и со договорите меѓу Европската Унија и Република Македонија (РСМ). Ова се вели во ставот на бугарскиот в.д. премиер Димитар Главчев, по повод инаугурацијата на Гордана Сиљановска-Давкова.

Ова, како што пренесува БТА, е и ставот на бугарскиот претседател Румен Радев, кој претходно денеска го пренесе, прес-службата на неговиот кабинет.

- Бугарија постојано и јасно го кажа својот став дека договорите мора строго да се спроведуваат. Убедени сме дека европската перспектива на Република Македонија целосно зависи од имплементацијата на меѓународните договори во кои е членка, како и од одобрениот од Европскиот совет во јули 2022 година, се посочува во соопштенијата од кабинетите на Главчев и Радев.

Двајцата, исто така, потсетуваат дека Република Македонија е членка на НАТО, од кое што произлегуваат соодветните обврски и одговорности.

Новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, вчера ја презеде функцијата откако положи заклетва пред Собранието, при што во името на државата ја изостави придавката „Северна“, што предизвика низа реакции од Грција и ЕУ за почитување на Договорот од Преспа од 2018 година.

притисни ентер