Ѓоковиќ заработил годинава повеќе од Надал, Федерер и Вавринка заедно!?

Најдобриот светски тенисер Србинот Новак Ѓоковиќ од почетокот на годината па се до сега од настапот на турнирите заработил 6 983 753 долари.

Ѓоковиќ од почетокот на 2015 играше на турнирите во Мелбурн, Дубаи, Индијан велс, Мајами, Монте Карло, Рим и Ролан Гарос и го зголеми своето огромно конто за околу 7 милиони долари. Популарниот Ноле досега инаку во кариерата има заработено ,само од настапот на турнирите 79 387 662 долари.

Годинава според заработката во светскиот тенис на второ место е Британецот Енди Мареј со 3 562 897 долари, а трет е победникот на Ролан Гарос , Станислас Вавринка со 3 372 009 долари. Легендарниот Швајцарец, Роџер Федерер е шести со 1 894 780 долари , а Рафа Надал е на осмата позиција со 1 641 216 долари .

Интересно Новак Ѓоковиќ има заработено годинава повеќе од заработката на Надал , Федерер и Вавринка заедно.

Кај дамите очекувано на врвот е најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс со заработени годинава 6 175 649 долари .

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер