Ѓорчев: СДСМ ги заштитува насилниците

Чисто во најава да кажам дека денес имаме ново продолжение каде што Курто Дудуш спрема претепаното лице упатува навреди, закани и омаловажување со говор на омраза.

Имаме цела низа и цела композиција на однесување кое што е крајно загрижувачко.

Јасно е дека СДСМ и Зоран Заев директно го заштитуваат Курто Дудуш во сите негови насилства, киднапирања, претепувања и катастрофално однесување.

Во Јуни минатата година имавме директна изјава од Зоран Заев кој што самиот кажа дека ако се потврди случајот со Курто Дудуш лично ќе му побарал оставка.

Случајот со Курто Дудуш не само што се потврди туку тој и се повторува на дневна основа, а гледаме дека нема никаква реакција.

Пораката е повеќе од страшна. Ќе ги кажам работите во композиција кои што се однесуваат на Курто Дудуш.

Курто Дудуш како пратеник директно пред камери кажа дека членската книшка на СДСМ е нова лична карта, нова возачка дозвола и дека со членската книшка на СДСМ ќесе добива социјална помош.

Курто Дудуш како дел од својата кампања е посредно и непосредно поврзан со претепувањето и кршењето на череп на неговиот против кандидат за време на локалните избори.

Курто Дудуш во неговата канцеларија како градоначалник на СДСМ, претепа и киднапираше лице, се га со истото лице се исмева, на истото лице му се заканува.

Што е реакцијата? Нема реакција туку напротив тој е заштитен од Зоран Заев и СДСМ, а Оливер Спасовски го посетува во неговата канцеларија.

Значи пораката од ова е повеќе од јасна.

СДСМ ги заштитува насилниците. СДСМ ги заштитува оние кои што се изживуваат врз луѓето, нема никакви последици врз нив, а напротив тоа голем ризик и за претстојните парламентарни избори.

Луѓето како Курто Дудуш и Зоран Заев треба да си заминат. И двајцата треба да си поднесат оставка и Македонија треба да биде нормална земја. Ова не се случува и не е нормално да биде редовна состојба и несанкционирана во било кое демократско општество.

Влатко Ѓорчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Чави по победата над Валенсија: Задоволен сум од нашиот став

Тренерот на Барселона, Чави изрази задоволство од триумфот (3:2) на неговиот тим синоќа против Валенсија во 33. коло на Шпанското фудбалско првенство.

- Не попречија скоковите на Валенсија. Овој тим практикува ваква игра, тоа е нивен клучен елемент. Ја имаа потребната подготовка и на тој начин создадоа четири-пет шанси. Среќен сум и задоволен од нашиот однос. Имавме индивидуални грешки, но демонстриравме добра организација во офанзива. На следните средби треба да играме посмирено, изјави Чави за „DAZN“.

Барселона со 73 бода се искачи на второто место во Ла Лига. Валенсија е осма во поредокот со 47 бодови. Лидер е Реал Мадрид со 84 бода.

До крајот на првенството остануваат уште пет кола.

Девет жртви во уривање на воен хеликоптер во Колумбија

Воен хеликоптер се урна во северна Колумбија при што загинаа сите девет патници во него, соопшти армијата на јужноамериканската земја.

Хеликоптерот Ми-17 се урнал во близина на градот Аренал дел Сур во департманот Боливар во северна Колумбија, соопшти војската.

- Жалам за смртта на деветмината војници во воениот хеликоптер што требаше да ги снабди војниците во борбата против кланот дел Голфо на југот на Боливар, напиша колумбискиот претседател Густаво Петро на Х.

Кланот дел Голфо (Заливски клан) е најмоќната криминална организација во Колумбија. Криминалниот синдикат ги регрутира своите членови главно од поранешните десничарски паравојски и се претпоставува дека има околу 6.000 вооружени мажи.

Покрај трговијата со дрога, организацијата се занимава со илегални ископувања и рекет за заштита и е одговорна за бројни убиства и одземање на имот. Минатата година, поранешниот шеф на картелот, Даиро Антонио Усуга, попознат како Отониел, беше осуден на 45 години затвор во САД.

Санкционирани 125 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење..

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер