Ѓоргиев и Јосифов во идеалниот тим на Европската лига

Македонската одбојкарска репрезентација трета година по ред го освојува сребрениот медал во Европската лига.

Иако црвено-жолтите не успеаја да се искачат скалило погоре, односно да стигнат до шампионскиот трофеј, сепак со прикажаните игри на осумте натпревари двајца наши репрезентативци заслужено се најдоа во идеалниот тим на лигата.
Капитенот Никола Ѓоргиев е избран за најдобар коректор, додека Ѓоко Јосифов за најдобар среден блокер.
Покрај македонските одбојкари, во „идеалниот тим“ се и тројца Украинци, Володмир Ковачук, Олексеј Клиамер и Максим Дрозд, како и Швеѓанецот Антон Вијк Тегенрот и домашниот дански одбојкар Расмус Нилсен.
Признанието „најкорисен играч на турнирот – МВП“ му припадна на Украинецот, Максим Дрозд.
Со триумфот во Европската лига селекцијата на Украина се избори за настап во Светската лига.

Навивачите на Баер бесплатно добиваат посебни шампионски тетоважи

Новиот германски шампион Баер Леверкузен на своите навивачи им нуди бесплатни тетоважи за да ја одбележат историската сезона, во која веќе ја освоија шампионската титула.

Новиот германски шампион Баер Леверкузен на своите навивачи им нуди бесплатни тетоважи за да ја одбележат историската сезона, во која веќе ја освоија шампионската титула, но се уште имаат шанса за тројната круна бидејќи играат со Кајзерслаутерн во финалето на купот и со Аталанта во Лигата на Европа во финалето во Даблин на 22 мај.

Со ремито 2:2 против Рома, со кое ја потврдија победата од 2:0 од првата полуфинална средба, фармацевтите ја продолжија серијата без пораз на 49 натпревари оваа сезона и го соборија повеќедеценискиот европски рекорд на Бенфика, поставен помеѓу 1963 и 1965 година.

Баер ги опиша тетоважите како „специјална промоција на крајот на посебната сезона“ и им понуди на фановите да изберат една од многуте тетоважи со клупска тема и да закажат состанок за бесплатно да добијат нова декорација за својата кожа.

Најмалку еден загинат на Флорида во големото невреме, прогласена вонредна состојба (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина во силното невреме во американската сојузна држава Флорида, а гувернерот Рон Десантис прогласи вонредна состојба во 12 окрузи во северниот дел на државата погодена од невремето.

Една жена загина кога бура урна дрво на нејзината семејна куќа, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Леон.

Ова е најмалку петтото лице кое го загубило животот од тешките временски услови во САД оваа недела.

Едно лице загина во силно торнадо во понеделникот во мало гратче во американската сојузна држава Оклахома, а две лица загинаа во невремето во средата во Тенеси и едно во Северна Каролина.

Околу 140.000 луѓе останаа без струја во главниот град на Флорида, Талахаси, а се проценува дека уште 200.000 домови и деловни објекти се без струја од Мисисипи до Северна Каролина, објави АП.

Во Талахаси, забележани се удари на ветер од 80 до 100 милји на час, со брзина поголема од интензитетот на ураганот, соопштија градските власти.

„Нашата област доживеа катастрофални штети од ветер“, напиша градоначалникот на Талахаси, Џон Дејли на платформата X.

Градските власти очекуваат работата за поправка на електричната мрежа да трае до крајот на викендот.

КИА најави подобрен EV6

Оваа година KIA планира да го претстави новиот EV6 со освежен дизајн.

Актуелниот EV6 наполни три години во март и треба да се пензионира во 2024 година, кога освежениот модел ќе излезе во продажба. Најверојатно новиот модел ќе има и технички модификации, но тоа се уште не е потврдено.

Kia EV6 е првиот целосно електричен автомобил на јужнокорејскиот производител. Има функција за брзо полнење од 800 волти, опсег на WLTP до 528 km и забрзување од 0 до 100 km/h за само 3,5 секунди. Сега треба да стане уште поатрактивен во поглед на дизајнот, ефикасноста, перформансите и практичноста. KIA најави „ново, електрифицирано искуство“ на X.

На фотографиите се редизајнираните задни светла. Новост може да биде и изменет браник. Не се очекуваат големи промени во дизајнот во внатрешноста - сепак, Kia може да го користи својот нов систем ccNC (Connected Car Navigation Cockpit) овде, кој дебитираше во EV9.

Една од клучните надградби може да биде батерија со капацитет за складирање енергија од 84 kWh. Треба да има поголема енергетска густина, што значи дека поголемиот капацитет не мора да резултира со значително зголемување на тежината. Благодарение на ова подобрување, новиот EV6 може да постигне опсег на WLTP од околу 560 km, што е до 6 проценти повеќе. Сепак, ова се уште не е потврдено.

Фејслифтираниот Kia EV6 се очекува да биде пуштен во продажба во Јужна Кореја во јуни. На европските пазари, купувачите можеби ќе треба да почекаат до четвртиот квартал на годината.

притисни ентер