Ѓорѓиоски: ФФМ станува чувар на македонскиот идентитет

Претседателот на фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски по добивањето на организацијата на УЕФА Суперкупот рече дека ФФМ станува чувар на националниот идентитет.

- Скопје е првиот град во регионот кој добива организација на вакво престижно фудбалско натпреварување, што претставува голема чест, но и голема одговорност. Суперкупот е настан кој ќе биде голем импулс и мотивација за развој на фудбалот во нашата земја и секако во регионот, а воедно и одлична можност Македонија да се промовира и афирмира пред светската јавност. Со добивањето доверба да бидеме домаќини на настанот кој го следат милиони луѓе ширум светот, нашата организација станува чувар на националниот идентитет и горди сме што УЕФА ја препозна нашата посветеност за фудбалот и подготвеноста да бидеме одлични организатори на големиот спортски настан, истакна Ѓорѓиоски,

Тој се осврна и на поднесената кандидатура за на ФФМ за Евро 2020, како единствена земја од поранешните Ју-републики која изрази желба да биде домаќин на голем спортски настан.

- ФФМ ја истакнува важната улога на градот Скопје и Владините институции во градењето на организациските одговори при соочувањето со предизвиците од кандидатурата, а со добиената доверба да го огранизираме Европскиот Суперкуп, Фудбалска федерација на Македонија потврди колку сериозен беше проектот да бидеме еден од домаќините на Европското првенство 2020 година. За нашата кандидатура имавме апсолутен консензус и максимална поддршка од градот Скопје, Владата и државните институции. Во нив успеавме да пронајдеме партнер кој сака да учествува во еден од најголемите настани во самостојна Македонија, настан кој ќе донесе бројни краткорочни и долгорочни користи за нашата земја, за економијата и нашиот фудбал, вели Ѓорѓиоски. /МИА

Драма во САД: Уште еден брод се заби во мост, блокиран е сообраќајот (ВИДЕО)

Во Галвстон, Тексас, речен брод удри во мост.

Според извештаите, бродот удрил во мостот на островот Пеликан, предизвикувајќи полицијата и другите служби за итни случаи веднаш да го блокираат целиот сообраќај, јавува Click2Houston.

Засега не се познати деталите за инцидентот, па не е јасно како дошло до судирот, ниту што му претходело. Не се знае дали има повредени или во каква состојба е мостот.

Претставниците на Галвстон рекоа само дека шлеп удрил во мостот, што предизвикало истекување на нафта.

Крајбрежната стража е повикана да помогне во спречувањето на излевањето на нафтата, а инженерите на TxDot се на терен за да помогнат.

Да потсетиме, на крајот на март во Балтимор, брод удри во мостот и го урна, а во таа прилика загинаа шест работници кои работеа на одржување на мостот.

Камионите се пренасочуваат од Блаце- има проблем со терминалот

На 15.05.2024 година во 18.30 часот од страна БПС започнато е со пренасочување на товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце .

На 15.05.2024 година во 18.30 часот од страна БПС започнато е со пренасочување на товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце заради проблем со терминалот на Македонска царина на ГП Блаце.

Товарниот сообраќај ќе биде пренасочен се додекa не се надминe проблемот, соопшти АМСМ.

Манекенка поминала низ скенер на аеродром- цариниците шокирани што имала во главата

Манекенка од Тајван доживеала шок при безбедносната проверка на аеродромот, па решила да им ги открие деталите на своите следбеници.

Фанг Киуан (36) е самопрогласена „фанатик за пластична хирургија“ со повеќе од 19 операции, а нејзината објава собрала 1,3 милиони прегледи.

Фанг потрошила преку 250.000 долари на различни естетски зафати, вклучувајќи две операции на челото, пет на очните капаци, исто толку на носот, две на брадата...

Неодамна поминала низ скенерот кога машината „засвирила“. Не ѝ било јасно што се случува, додека не се утврдило дека има неколку „туѓи предмети“ во главата, пренесува New York Post.

Така сфатила дека ѝ останала хируршка завртка во брадата по операцијата пред осум години. Но, тоа не било сѐ.

„На видеото се гледаат и завртките во носот“, рекла Фанг и додала дека „се чувствува како вуду кукла“.

Нејзините фанови останале шокирани од фотографиите кои ги објавила на Инстаграм.

„Ова е тешко за гледање“, напишал еден, а друг продолжи: „Еве што прават луѓето за убавина“.

Фанг откри дека закажала нова процедура за отстранување на металните предмети.

притисни ентер