Ѓурчиновски - Кристоферсен: Одлична соработката меѓу армиите на Македонија и на Норвешка

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска во Центарот за обука на вода на армијата во Охрид се сретна со неговиот норвешки колега, генерал Ерик Кристоферсен, кој се наоѓа во дводневна официјална посета на зе

Двајцата соговорници како особено значајна ја оценија долгогодишната соработка меѓу двете армии, со уверување дека во понатамошниот период истата ќе се унапредува.

Гостинот од Кралството Норвешка го истакна значењето на споделување на обврските и заедничките настапи во операциите на НАТО за достигнување на меѓусебната интероперабилност во заедничкото справување со сите безбедносни предизвици.

Генералот Ѓурчиновски ја изкористи можноста да се заблагодари за норвешката поддршка и за големиот број заеднички проекти со кои се подобрува интероперабилноста и способноста на АРМ за извршување на задачите.

Во оваа прилика Ѓурчиновски на Кристоферсен му додели високо армиско признание „Златна значка на Армијата“ во знак на благодарност за досегашната помош и поддршка, меѓу кои е последната голема донација составена од 76 неборбени моторни возила, иницирана на една од претходните средби на двајцата генерали.

На работната средба со дел од клучниот персонал од Генералштабот пред делегацијата од ВС на Кралството Норвешка се презентираа степен на трансформација и реформите во Армијата на Република Македонија, актуелното учество и придонес во мисиите, капацитетите на армискиот полигон „Криволак“ за изведување на обука и вежби и учеството во заедничките активности на НАТО.

Генералите Ѓурчиновски и Кристоферсен ја проследија и показната вежба на припадниците на Баталјонот на специјални сили на АРМ, а пред делегацијата беа изложени и дел од моторните возила кои беа добиени како воена донација од Кралството Норвешка, при што делегацијата беше запознаена со планот за нивно распоредување и активностите во кои ќе бидат употребувани.

Армијата и Министерство за одбрана имаат развиено одлични билатерални релации со ВС на Кралството Норвешка што се реализираат на повеќе полиња, меѓу кои стручно усовршување на офицери и подофицери за штабни должности, обука и размена на искуства во санитетска обука, односи со јавноста и друго.

Покрај моторните возила, Кралството Норвешка досега на Армијата на Република Македонија ѝ донираше и софистицирана опрема за заштита на телекомуникациските врски, медицински материјал и компјутерска опрема, музички инструменти за потребите на Воениот оркестар и особено значајна е донацијата на Лесната маневарска полска болница.

Воените сили на Кралството Норвешка заедно со македонски хируршки и медицински тимови извршуваа задачи во рамките на мисијата „ИСАФ“ и „Одлучна поддршка“ во Авганистан, кои беа дел од персоналот во норвешката полска болница со улога 2.

Форд запали по 74 години на отпад (ВИДЕО)

Овој Ford Model T запали по 74 години. Може да биде и светски рекорд.

Автомобилот бил во очајна состојба бидејќи никој не го одржувал со години. Корозија го зафатила.

Екипажот во Jennings Motorsports го поправи и тој проработи.

Пред палењето ја снимиле целата процедура за поправка, која не била комплицирана. Сепак, на крајот од ова видео тие не можеле да го возат бидејќи автомобилот се уште имал бројни проблеми.


Бекам се пофали со ново хоби, фановите воодушевени: И кокошките ти се убави (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали со своето ново хоби на Инстаграм и ги насмеа обожавателите.

Поранешниот фудбалер поставил кокошарник на својот имот вреден 7 милиони евра, каде живее со сопругата Викторија.

„Добро утро“, напиша тој заедно со видеото на кое се шета низ градината со кокошки и петел што го следат, што ги насмеа фановите.

Видеото собра дури 3,1 милион лајкови и бројни коментари.

„Дури и твоите кокошки изгледаат добро“, напишал еден фан, а многу фанови се согласија.

Инаку, Дејвид и Викторија почнаа да се занимаваат со органско земјоделство за време на пандемијата, а освен кокошки имаат и овци и произведуваат мед.

Богатството на кралот Чарлс III е зголемено за 10 милиони фунти, но премиерот Сунак е побогат

Личното богатство на британскиот крал Чарлс Трети се зголемило за десет милиони и сега изнесува вкупно 610 милиони фунти.

Како што објави „Дејлимејл“, кралот Чарлс Трети сега е побогат од неговата мајка кралицата Елизабета Втора, чиј личен имот бил проценет на 370 милиони евра.

Кралот, кој ја презеде функцијата пред неполни две години, моментално се наоѓа на 258. место на листата на најбогати луѓе во Велика Британија. Минатата година Чарлс III беше на 263-то место на оваа листа. Британскиот монарх го зголемил своето богатство благодарение на растот на вредноста на недвижниот имот што го поседува, а претходно ѝ припаѓаше на кралицата Елизабета Втора.

Списокот на имоти на кралот Чарлс III ги вклучува само неговите лични имоти, а не и оние што ги поседува кралското семејство. Потсетуваме дека британската кралица Елизабета Втора почина на 8 септември 2022 година.

Таа на тронот помина 70 години и 214 дена. Таа е вториот монарх во светот со најдолго владеење во историјата по францускиот владетел Луј XIV, кој на тронот поминал 72 години и 110 дена.

Интересно е што кралот Чарлс не е најбогат меѓу јавните личности, односно оние кои се занимаваат со државни работи. Британскиот премиер Риши Сунак и неговата сопруга Акшата Мути заработија нови 120 милиони фунти во последната година. Вредноста на нивното богатство се проценува на 651 милион фунти.

притисни ентер