Глумел во ,,Пирати од Карибите” за да заврши на боиштата во Сирија

,,Не можам да се вратам во САД , ниту во Британија “, вели холивудскиот актер Мајкл Енрајт, кој во 2015 заминал во Сирија и се борел на страната на курдската милиција против ИД.

Енрајт веќе две години не може да се врати во САД , како ни во Британија , каде што е роден.Тој сега има 55 години , а на 19 годишна возраст заминал во Лос Анџелес за да биде актер. Пред четири години и се приклучил на курдската милиција за да им помогне да ја победат Исламската Држава . Тој живее во Мексико, од каде покренал кампања ,,Да го вратиме Мајкл дома” и моли за помош и можност за враќање во САД.

Пред две години заминал од Сирија и сега чека да му дозволат да влезе во САД. Во Британија нема намера да се врарти , зашто смета дека ќе го затворат како учесник во војна во странство. Тој пред две години се обидел преку Мексико да се врати во САД , но таму го задржале шест недели , кога разбрале дека бил во Сирија.

Потоа го префрлиле во Британија , каде го испитувале службеници од Минситерството за безбедност на САД. Му рекле дека ќе му дозволат да се врати , доколку им помогне да ги фатат ,,лошите момци” .

Затоа во 2016 повторно се вратил во Сирија и собрал разни информации , а помагал и при испрашувањето на џихадистите од ИД , кои биле американски , австралиски и канадски државјани.

Во ноември 2017 последен пат ја напуштил Сирија , но и натаму му е забранет влезот во САД. Тој заедно со Џони Деп играше во филмот ,,Пирати од Карибите” ,а со Том Круз во ,,Ноќ и ден”.

Од денеска пријавување за бесплатно подигнување кабаст отпад во сите населби во Кисел Вода

Од денеска почнува пријавувањето за бесплатно подигнување кабаст отпад во сите населби во Кисела Вода

Нова акција за собирање на кабаст отпад ќе се спроведе во општина Кисела Вода. Како дел од активностите за заштита на животната средина, во периодот од 27 мај до 07 јуни во сите месни и урбани заедници на територија на општината, ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои бесплатно ќе го подигаат кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради, информираат од Општина Кисела Вода.

Пријавувањето почнува денеска и ќе трае до 23 мај. Секој жител на општина Кисела Вода кој поседува кабаст отпад и сака тој да биде подигнат и депониран на соодветна локација, ќе може да закаже термин на телефонскиот број 02/2785-427, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Од Општината појаснуваат дека кабастиот отпад треба да биде поставен пред објектот кој е претходно договорен, на безбедна локација со што не би се загрозила безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот, кои ќе се движат во тој период.

-Само со одговорно однесување на секој поединец заеднички ќе можеме да ја одржуваме Кисела Вода чиста и уредна. Зачувувањето на природата и животната средина е наша заедничка обврска и одговорност, велат од Општина Кисела Вода.

Оттаму апелираме до сите граѓани да се приклучат на оваа акција, бидејќи, како што велат поддршката и заедничката ангажираност се од суштинско значење за заедницата.

Делови од Нова Каледонија се надвор од државна контрола

Области на пацифичката територија на Нова Каледонија „се надвор“ од државната контрола, изјави денеска претставник на француската влада, најавувајќи нови безбедносни распоредувања по неколкудневното смртоносно насилство.

„Ќе пристигне засилување... за да ги контролираме областите што не се под наша контрола во изминатите денови “, изјави на брифинг високиот комесар на Републиката во Нова Каледонија, Луј Ле Фран.

Вонредна состојба беше воведена на францускиот архипелаг откако противењето на планот на Париз за промена на правилата за гласање таму прераснаа во подметнување пожар, грабежи и насилство, при што загинаа пет, а стотици беа повредени.

Како дел од вонредната состојба, приведени се околу 200 од околу 5.000 „бунтовници“, соопштија француските власти.

Едно лице осомничено за убиство им се предаде на властите, рече Ле Фран на денешниот брифинг.

Немирите започнаа кога француските пратеници ги одобрија плановите да им се дозволи на оние кои се преселиле на територијата пред најмалку 10 години да гласаат на локалните избори.

Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“

Стопанската комора на Македонија денеска ќе реализира работна средба со раководството на „Македонија 2025“ на тема „Големи економски проекти - темели за просперитетна иднина на Македонија“. 

По средбата, која ќе се одржи во просториите на Комората, предвидени се изјави за медиумите од претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и Мајк Зафировски, еден од основачите на „Македонија 2025“.

притисни ентер