Голем пожар избувна на депонијата кај Добрашинци

Денес напладне голем пожар избувна на депонијата кај селото Добрашинци во која се одлага отпадот од општините Струмица и Василево.

Избувнувањето на пожарот го потврди командирот на Територијалната против пожарна едница на Струмица, Александар Гудев.

-Добивме известување за пожар на депонијата кај селото Добрашинци и наши екипи се упатуваат таму. Според првичните информации пожарот зафатил поголема површина, а силниот ветар го проширува кон акумулацијата „Турија", рече Гудев.

На терен се веќе екипи на ЈПКД „Комуналец" од Струмица, кои почнаа со гаснење на пожарот.

Депонија кај селото Добрашинци гореше и на 18 и 19 јуни годинава. Тогаш пожарот беше предизвикан од несовесни граѓани кои се движеле таму./МИА

Вицепремиерот на Малта, Крис Ферн поднесе оставка поради корупциски скандал

Ферн му рекол на малтешкиот премиер Роберт Абела дека поднесува оставка во национален интерес.

Вицепремиерот на Малта, Крис Ферн денеска поднесе оставка, откако против него беше покренато обвинение поради корупциски скандал поврзан со доделувањето владина концесија за управување со три државни болници на досега непозната здравствена групација во 2015 година.

Ферн му рекол на малтешкиот премиер Роберт Абела дека поднесува оставка во национален интерес без да биде одговорен за скандалот, а премиерот побарал од него да ја преиспита својата одлука, пренесуваат британските медиуми.

Ферн побара од Абела да се откаже од плановите да го номинира за член од Малта на следното свикување на Европската комисија (ЕК). /МИА

Лукашенко го разреши началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска го потпиша указот за разрешување на началникот на Генералштабот на вооружените сили, Виктор Гулевич.

-Генерал-мајор, Виктор Гулевич е разрешен од должноста началник на Генералштабот на вооружените сили, прв заменик министер за одбрана. Соодветната уредба е потпишана од претседателот, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека Гулевич е разрешен од воената служба поради возраста, но дека го задржува правото да носи воена униформа.

Лукашенко вчера го критикуваше воено-индустрискиот комплекс (МИЦ) за, како што рече, лоши резултати. /МИА

Силјановска: Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со ЕУ

Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.

„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион„ се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.

притисни ентер