Google Maps воведува нови функции за полесно поминување низ метежот

Google Maps воведува неколку нови опции што ќе им олеснат на корисниците да се движат низ метеж, но исто така ги предупредуваат за мерките на кои мора да се придржуваат во јавниот превоз.

Со оглед на состојбата со градовите ширум светот каде што се укинуваат мерките воспоставени за заштита на граѓаните од коронавирус, Гугл одлучи да им ја олесни навигацијата на своите корисници.

Една од новите опции овозможува да го проверите бројот на луѓе на автобуската станица, или дали има повеќе луѓе на друго место на вашата рута отколку што треба.

Исто така, подобрена е проценката на метежот во јавниот превоз и ќе биде наведено во кои превозни средства е неопходно да се носи маска за лице.

„Сè што треба да сторите е да ја пребарувате станицата и ќе ги добиете сите потребни информации, се разбира, таму каде што се достапни“, изјави менаџерот за производи на апликацијата „ Google Maps“.

Овие опции нема да бидат веднаш достапни насекаде, и тоа зависи од соработката на Google и локалните власти. Истакнуваат дека ќе пристигнат многу брзо и во други земји, Гугл Мапс ги тестира новите опции во: Аргентина, Австралија, Белгија, Бразил, Колумбија, Франција, Индија, Мексико, Холандија, Шпанија, Тајланд, Велика Британија и САД.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер