Google од петок ги брише неактивните профили, тоа го вклучува и Gmail

Од 1 декември Google ќе ги избрише сите стари и неактивни Google сметки, односно оние што не биле користени најмалку две години.

На овој начин, е-поштата, т.е. g-mail и другите содржини, како што се фотографии, записи во календарот, контакти и документи од Disk, ќе бидат избришани, во согласност со новата политика на компанијата. Чистењето на целиот систем има за цел да ги заштити корисниците од безбедносни закани, како што се спам, фишинг измами и кражба на сметки, објаснува Google.

Гугл ги брише неактивните сметки од својот систем бидејќи, како што велат, „постои поголема веројатност да бидат компромитирани“. Ненадгледуваните сметки често се потпираат на стари или повторно употребени лозинки, имаат помалку безбедносни проверки од корисниците и 10 пати поголема е веројатноста дека нема да имаат поставено двофакторна автентикација, покажуваат внатрешните податоци на Google.

Кога сметката е компромитирана, „може да се користи за сѐ, од кражба на идентитет до спам или дури и злонамерна содржина“, се вели во соопштението на компанијата за промена на политиката.

Google ќе започне со укинување на неактивни сметки на 1 декември 2023 година, според известувањето што тие самите го објавија на страницата. Ќе започне со елиминирање на сметките што луѓето ги создале, а потоа никогаш повеќе не ги посетиле.

Според новите правила на Google, „ако сметката на Google не била користена или најавена најмалку 2 години, сметката и нејзината содржина, вклучително и содржината во Google Workspace (Gmail, Docs, Drive, Meet, Calendar) и Google Photos“. може да се избрише.

Сепак, новите правила важат само за личните сметки на Google, што значи дека училишните или работните сметки не се засегнати. Дополнително, Google нема да ги отстрани сметките што прикачувале видеа на YouTube или имаат активни претплати на апликации или услуги за вести, покажува новата политика на компанијата.

Пред бришењето, корисниците ќе добијат „повеќе известувања“ дека нивните сметки ќе бидат укинати пред тоа навистина да се случи, се вели во соопштението на компанијата.

Секој со стара сметка што сака да спречи нејзино бришење може да се најави и да користи една од алатките на компанијата, како што се Gmail, Google Drive, Google Photos и Google Play.

Дејствата што ќе му сигнализираат на Google дека е активен вклучуваат читање или испраќање е-пошта, користење на Google Drive, гледање видеа на YouTube, преземање апликација од Google Play Store, користење на Google Search, користење на најавување на Google за пристап до апликација од трета страна.

Ален на средба со Курти: Косово припаѓа во ЕУ и НАТО, да се спроведат договорите со Србија

Претходно, американската дипломатка се сретна и со претседателката Вјоса Османи.

Американската државна потсекретарка за јавна дипломатија Елизабет Ален, која престојува во Косово, по средбата со претседателката на државата, Вјоса Османи, беше примена и од косовскиот премиер, Албин Курти, со кого вели дека имала „длабока дискусија“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ален на платформата „Икс“, поранешен Твитер, покрај фотографии од средбата со Курти, напиша дека „Косово припаѓа во ЕУ и НАТО“, а го повтори и барањето на Вашингтон за спроведување на договорите со Србија.

„Ја ценам длабоката дискусија со косовскиот премиер Албин Курти. Косово припаѓа во ЕУ и НАТО. Ние бараме целосна имплементација на сите договори што Косово и Србија ги постигнаа во рамките на Дијалогот олеснет од ЕУ“, напиша Ален.

Претходно, американската дипломатка се сретна и со претседателката Вјоса Османи, со која потпиша договор за разбирање меѓу владите на Соединетите Американски Држави и Република Косово, против манипулациите со информации од други држави.

На заедничката прес-конференција по потпишувањето на договорот, Ален рече дека со Османи разговарале и за „критичните прашања на евроатлантскиот пат на Косово“, оценувајќи дека „суштинскиот чекор кон евроатлантскиот пат на Косово (е) напредокот на Косово во врска со формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство“. /МИА

Руската нафтена рафинерија во Краснодар привремено ја прекина работата по украинските напади

Руската нафтена рафинерија „Славјанск“ во јужниот дел на областа Краснодар денеска привремено ја прекина работата по синоќешниот напад на украински беспилотни летала, јавија руските медиуми.

Според извештаите на локалните власти, шест украински беспилотни летала паднале на територијата на рафинеријата.

Дроновите со кои беше нападната рафинеријата во јужниот дел на Русија не предизвикаа пожари, додаваат медиумите, повикувајќи се на властите.

Рафинеријата има капацитет од четири милиони тони нафта годишно, што е околу еден милион барели дневно./МИА

Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт

Стабилна е состојбата на 56 годишниот маж кој вчера попладне се здоби со тешки телесни повреди во лифтот во угостителски објект во Штип. 

Надлежните во Клиничка болница- Штип информираат дека е примен со скршеници на пршлените и е хоспитализиран на oдделението за ортопедија во штипската Клинничка болница. Неговиот колега, 71 годишниот пензиониран кувар им подлегна на повредите добиени при пад на лифтот, во кој биле работно ангажирани.

Во меѓувреме директорката на Државниот инспектор за труд, Весна Томовска за МИА изјави дека на лице место вчера е излезен трудов инспектор. Утврдено е дека двајцата работници не биле вработени, туку работно ангажирани во објектот. Починатиот бил кувар во пензија.

Посочува дека утре до инспекторатот треба да биде доставена документацијата за безбедност при работа во објектот. Од Обвинителството пак информираат дека се обезбедуваат докази за расчистуваање на настанот, а стручно лице ќе направи техничко вештачење на лифтот. Како дошло до трагедијата се уште нема официјални информации. Телото на починатото лице е дадено на обдукција.

притисни ентер