Граничните премини се отвораат од денеска, хотелите од понеделник

Од денеска, согласно одлука на Владата, се отвораат сите гранични премини во земјата, освен аеродромите

Од денеска, согласно одлука на Владата, се отвораат сите гранични премини во земјата, освен аеродромите, но на сила и натаму остануваат мерките како приложување валиден негативен ПЦР тест при влез во земјава и задолжителна самоизолација од 14 дена. Новина е што странците, наместо како досега да можат да транизитираат низ земјава само преку граничните премини Табановце и Богородица, тоа во рок од 5 часа да можат да го направат и преку другите премини. Владата донесе и протоколи за функционирањето на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување), кој почнува да се применува од понеделник 22 јуни.

Владата донесе одлука од денеска да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена", врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР.

Останува во сила и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, коишто при влез на територија на Македонија нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест.

Останува и можноста граѓаните кои се во државен карантин и што сакаат да им се направи ПЦР тест на нивно барање, тоа да им се овозможи од страна на овластена институција во најкраток рок. Оние граѓани на кои направениот ПЦР тест е негативен, потпишуваат „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена" каде се пресметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштаат државниот карантин и заминуваат во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава. Доколку граѓаните не сакат да им се направи ПЦР тест, остануваат во карантин 14 дена, а по тој рок од страна на овластени претставници од ДСЗИ им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација.

Владата го дополни и Протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Македонија.

Од денеска протоколот овозможува влез на сите гранични премини на државјани на други држави за транзитирање низ територијата на Македонија. Останува одредбата во протоколот која пропишува дека транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат и тој да се реализира во рамките на најмногу 5 часа што се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот.

Донесен е и Протокол за работа на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување), и тој започнува да важи од понеделник, 22 јуни, оваа година.

Протоколот ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на КОВИД-19. /МИА

Дваесет лица загинаа во израелскиот напад врз бегалскиот камп Нусеират

Дваесет лица загинаа пред да зазори во израелски воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Нусеират, во централниот дел на Појасот Газа, уништен за време на војната, соопштија од болницата Ал Акса и потврдија очевидци.

„Примивме 20 убиени луѓе и неколку ранети откако израелски воздушен напад беше насочен кон куќа на семејството Хасан во бегалскиот камп Нусеират во центарот на Газа“, се вели во соопштението на болницата.

Очевидци изјавија дека нападот бил извршен околу 3 часот по локално време. Израелската војска соопшти дека го проверува извештајот.

Официјалната палестинска новинска агенција објави дека меѓу ранетите има неколку деца и дека спасувачките екипи трагаат по затрупаните луѓе во урнатините.

Израелската војска вели дека спроведува само целни операции.

Очевидци велат дека се слушнале експлозии и дека борбите во Џабалија траеле цела ноќ./МИА

Косово и САД потпишаа договор за борба против манипулирањето на информации од други држави

На заедничката прес конференција по потпишувањето на договорот Османи рече дека „кампањите за дезинформации претставуваат голема закана за стабилноста и националната безбедност на Косово, но и на Западен Балкан“.

Американската државна потсекретарка, Елизабет Ален, која престојува во Приштина, и косовската претседателка Вјоса Османи, потпишаа денеска договор за разбирање меѓу владите на Соединетите Американски Држави и Република Косово, против манипулациите со информации од други држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

На заедничката прес конференција по потпишувањето на договорот Османи рече дека „кампањите за дезинформации претставуваат голема закана за стабилноста и националната безбедност на Косово, но и на Западен Балкан“.

„Соочени со невидени глобални предизвици, кампањите за дезинформации претставуваат голема закана за стабилноста и националната безбедност на Косово, но и на Западен Балкан во целина. Овие кампањи имаат за цел да сеат страв, да манипулираат со јавното мислење и да ја поткопаат довербата во демократските институции. Но, пред се целат да ја нарушат демократијата и демократските вредности кои се темелите на нашите држави“, рече Османи.

Косовската претседателка рече дека Косово не е поштедено од дезинформации и сајбер напади и дека тие се интензивираат како резултат на влијанието на Русија во регионот преку Србија.

„Договорот потпишан денеска има за цел да се бори против ова. Тоа не е само уште еден договор, туку е пресвртница, зајакнување на нашата соработка во борбата против манипулациите со информации. САД се наш главен сојузник и нашето партнерство со САД е егзистенцијално за секој успех на Косово“, рече Османи.

Американската државна потсекретарка, Ален рече дека со Османи разговарала за многу прашања, меѓу кои и за Заедницата на општини со српско мнозинство, нагласувајќи дек „Заедницата е суштински чекор кон евроатлантскиот пат на Косово“.

„Со претседателката имавме продуктивна дискусија за дезинформациите, политиканството, поддршката на граѓанското општество и мултилатерален ангажман. Разговаравме и за критичното прашање за европскиот и евроатлантскиот пат на Косово. Повторив дека најдобро можеме да го поддржиме патот на Косово кон европските и евроатлантските институции кога имаме блиска соработка и координација. Разговаравме за суштинскиот чекор кон евроатлантскиот пат на Косово - напредокот на Косово во врска со Заедницата на општини со српско мнозинство“, рече Ален.

Ален рече дека меморандумот потпишан меѓу САД и Косово за борба против манипулацијата со информации од странски земји е показател за посветеноста на САД и Косово да развијат заеднички пристап за подобро разбирање на дезинформациите кои потекнуваат од странство и за изградба на консултативни механизми за спротивставување на оваа закана.

„Го препознаваме фактот дека авторитарните влади манипулираат со информации и шират дезинформации за да влијаат на луѓето ширум светот, предизвикувајќи хаос и поделеност, за да ја намалат довербата во институциите, особено во демократските институции. Како што го имаме НАТО за да обезбедиме безбедност и одбрана, ќе се потпреме на овој договор за да се спротивставиме на странските дезинформации и малигните влијанија“, рече Ален. /МИА

Саливан во Саудиска Арабија разговараше со престолонаследникот Бин Салман за војната во Газа

На состанокот одржан во саудискиот град Даран, се разговараше за текстот на „полуфиналната верзија на нацрт-стратешките договори меѓу двете земји“ кои се во фаза на финализирање.

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан, кој е во посета на Саудиска Арабија, разговараше со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа и за постигнување широк билатерален договор меѓу двете земји, јавија саудиските медиуми.

На состанокот одржан во саудискиот град Даран, се разговараше за текстот на „полуфиналната верзија на нацрт-стратешките договори меѓу двете земји“ кои се во фаза на финализирање.

Се наведува дека Бин Салман и високиот функционер на администрацијата на Бајден разговарале и за потребата да се најде „кредибилен патоказ до решение за две држави“ за Израел и Палестинците, начините за завршување на војната во Газа и олеснување на испораката на хуманитарна помош./МИА

притисни ентер