Грчките медиуми за двојните избори во Македонија: Триумф на ВМРО-ДПМНЕ

Вчерашните двојни избори во Македонија и убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ, утрово е една од главните теми во грчките медиуми.

Вчерашните двојни избори во Македонија и убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ, утрово е една од главните теми во грчките медиуми, кои ги пренесуваат резултатите, коментираат дека станува збор за голем триумф, посочуваат дека земјата првпат во историјата ќе добие жена претседател, но и анализираат што доаѓањето на власт на опозициската партија ќе значи за односите со Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

„Триумф на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните и претседателските избори во Македонија“; „Двојна победа на националистите во Македонија“; „Македонија: Триумф на десничарската ВМРО-ДПМНЕ на двојните избори“; „Промена на политичката сцена во Македонија“; „Целосна доминација на ВМРО на двојните избори“; „Избори во Македонија: Голема победа на десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ“, се дел од насловите во онлајн изданијата на медиумите во Грција, кои уште од доцна синоќа ги следеа резултатите од двојните избори.

Рано утрово текстот за изборите во Македонија под наслов „Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните и претседателските избори во Македонија“ е меѓу трите топ теми на официјалниот сајт на грчката новинска агенција АНА-МПА.

Во весникот „Та неа“ централната тема на насловната страница на денешнпто издание е текстот со наслов „Избори во Македонија. Што носи двојната победа на националистите“, а и на насловната страница на весникот „Катимерини“, една од централните теми се изборите кај нас под наслов „Загриженост за доминацијата на националистите во Скопје“.

Телевизијата „Стар“, од друга страна, во синоќешното централно издание на вестите имаше директно вклучување од Скопје, поконкретно од штабот на ВМРО-ДПМНЕ за да се пренесе атмосферата.

Весникот „Катимерини“ во текстот-анализа посветен на изборите, на почетокот пишува дека „доминацијата на националистичката ВМРО на изборите во Македонија предизвикува загриженост за последиците врз односите на Скопје со Софија и Атина, иако аналитичарите сметаат дека Договорот од Преспа нема да биде оспорен“.

Коментира дека „историската националистичка партија ВМРО-ДПМНЕ“ се враќа на власт по седум години, откако извојува убедлива победа над социјалистите, „кои претрпеа голем пораз на вчерашните избори“.

-Прашањето – што заедно со победата за раководството на ВМРО – го поставија изборите во средата е дали сегашната партија се развила во централно десничарска проевропска политичка организација или ќе продолжи по патот на национал-популизмот и авторитарното владеење што го одреди сега пребегнатиот поранешен лидер и премиер во период од една деценија, Никола Груевски, пишува весникот.

Додава дека за тоа каква ќе биде политиката на Владата на Мицкоски, „ќе се покаже од приоритетите што ќе ги постави“, а оние кои се во заминување „зад себе оставаат земја заглавена во корупција и непотизам, но и два меѓудржавни договори, со Грција и Бугарија, кои НАТО и ЕУ ги поздравија, но ВМРО како опозиција беше против“.

Во опширната анализа, весникот се осврнува и на ставот на Грција во однос на промената на власта кај нас, коментирајќи дека „за Атина не претставува гром од ведро небо“, посочува дека иако и Силјановска и Мицкоски „континуирано се закануваа дека нема да го спроведуваат Договорот од Преспа и дека ќе одбијат да ја користат географската одредница, во Атина постои став на исчекување на сите официјалните настани што ќе следат“.

-Меѓутоа, во случај да се остварат заканите за јавна употреба на терминот „Македонија“ наместо на правилниот „Македонија“, тогаш Атина ќе реагира, првично на соодветен начин, преку демарши, пред да продолжи со понатамошни потези. За потсетување, веќе постоеше реакција од Атина поради фактот што три месеци по завршувањето на преодниот рок (23 февруари) за замена на јавните документи во земјата (патни исправи, материјал од јавната администрација, лични карти, возачки дозволи, и сл.) со законските кои го наведуваат националното и меѓународно признатото име на државата, односно Република Македонија, процесот се одвива со бавно темпо, пишува „Катимерини“.

Државната новинска агенција АНА-МПА, во текстот преземен од речиси сите онлајн изданија на медиумите, ги објавува резултатите, како од парламентарните, така и од претседателските избори, распоредот на силите во Собранието.

-Мицкоски најави дека во следните денови ќе започне преговори со опозициската албанска коалиција „Вреди“ за формирање Влада, а паралелно ја отфрли можноста за постизборна соработка со ДУИ, кое во изминатите 20 години учествуваше во сите коалициски влади во земјата, пишува АНА-МПА.

Во однос на претседателските избори, посочува дека Силијановска е „првата жена што ќе стане претседател на државата во историјата на земјата“.

Дописникот од Скопје на државната телевизија ЕРТ, рано утрово информираше за резултатите од изборите и распоредот на пратеничките мандати во Собранието, објаснувајќи дека ќе биде потребно да се формира коалициска Влада.

-Од денеска се менува политичката сцена во Македонија, коментираше новинарот, осврнувајќи се на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на Договорот од Преспа и додаде дека Атина чека да види каква ќе биде позицијата на новата Влада по ова прашање.

Новинарка од грчката телевизија „Стар“ која во живо се вклучи од Скопје, во синоќешните вести коментираше дека „градот и атмосферата се како веќе подолго време да беа подготвени, знаат дека Силјановска ќе биде новата претседателка“ и се осврна на употребата на терминот „Северна Македонија“.

- Политичките аналитичари, велат дека веројатно е да постои политички пресврт, бидејќи едно се кажува пред да се дојде на власт, друго кога ќе се дојде на власт. Од моментот кога Скопје, Македонија имаат отворен фронт и со Бугарија, бидејќи и од таму постои голем проблем, бараат признавање на бугарско малцинство во земјата, не е во интерес на Скопје и на госпоѓа Силјановска да отвори уште еден фронт со Грција за прашањето за името, истакна новинарката.

Во Грција, засега, не постои официјална реакција или изјава за резултатите од вчерашните избори кај нас.

Кој беше Ебрахим Раиси

Раиси (63), секогаш со црн турбан на главата и верска облека, важи за ултраконзервативец и отворен поддржувач на јавниот ред.

Политика

Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа во северозападниот дел на Иран. Раиси беше претседател на Иран од 2021 година и ја водеше земјата во позадина на несогласувањата на меѓународно ниво и со внатрешни предизвици, оцени синоќа агенцијата Франс прес.

Во Иран во текот на ноќта траеше потрагата по исчезнатото летало, во кое, покрај Раиси, беа и шефот на дипломатијата Хосеин Амир Абдолахиан и уште двајца функционери.

Раиси (63), секогаш со црн турбан на главата и верска облека, важи за ултраконзервативец и отворен поддржувач на јавниот ред.

Раиси беше избран на 18 јуни 2021 година во првиот круг на гласање обележан со рекордно воздржување за претседателските избори и отсуство на силни конкуренти.

Тој го наследи умерениот Хасан Рохани, кој го порази на претседателските избори во 2017 година и не можеше повторно да се кандидира по два последователни мандата.

Раиси се појави зајакнат по парламентарните избори одржани во март и средината на мај. Тоа беа првите национални избори по протестното движење што го потресе Иран кон крајот на 2022 година по смртта на Махса Амини, млада жена уапсена поради непочитување на строгиот кодекс на облекување.

По тие избори, иранскиот претседател го поздрави „новиот историски неуспех на иранските непријатели по немирите“ во 2022 година.

Парламентот, кој ќе ја преземе функцијата на 27 мај, во голема мера ќе биде контролиран од конзервативните и ултраконзервативните табори, кои ја поддржуваат неговата влада.

Во последниве месеци, Раиси се претстави како жесток противник на Израел, заколнатиот непријател на Исламската Република, кој го поддржува палестинското исламистичко движење Хамас од 7 октомври, почетокот на војната во Газа.

Со тоа Раиси го оправда нападот без преседан на Иран на 13 април против Израел, со 350 беспилотни летала и проектили, од кои повеќето беа пресретнати со помош на САД и уште неколку земји сојузници на САД.

Тој е ставен на црната листа во САД заедно со ирански официјални лица кои се санкционирани за „соучесништво во сериозно кршење на човековите права“, обвинение што го негираа официјалните лица на Техеран.

Роден во ноември 1960 година во светиот шиитски град Машхад на североисток, Раиси се искачи низ ранговите на судскиот систем во текот на три децении.

Тој имаше 20 години кога беше назначен за главен обвинител на Караџа, во близина на Техеран, за време на Исламската револуција во 1979 година. Потоа беше генерален обвинител на Техеран од 1989 до 1994 година, потоа заменик шеф на судството од 2004 до 2014 година, годината кога беше назначен за државен обвинител.

Во 2016 година, врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи го назначи за раководител на добротворната фондација Астан-е Кудс Разави, која управува со мавзолејот на Имам Реза во Машхад, како и со огромното наследство од индустриски и недвижен имот. Три години подоцна, тој стана шеф на главното тело на правосудните органи.

Раиси е оженет со Џамила Аламолход, професорка на Универзитетот во Техеран, со која има две ќерки кои завршиле факултети.

Видео: Минесота го победи Денвер и се пласираше во полуфиналето на НБА плејофот

Минесота тимбервулвс синоќа го победи Денвер нагетс со 98:90 во седмиот натпревар од четвртфиналната серија на НБА плејофот.

Најефикасен играч на паркетот беше Џамал ​​Мареј од Денвер кој постигна 35 поени. Неговиот соиграч Никола Јокиќ оствари дабл-дабл 34 поени и 19 скока.

Минесота ја доби серијата со 4-3 и се пласираше во полуфиналето на плејофот каде ќе се соочи со Далас маверикс.

Пласман во полуфиналето синоќа избори и Индијана по победата над Њујорк со 130:109 во седмиот натпревар од четвртфиналната пресметка.

Ирански државни медиуми: Претседателот Раиси загина во хеликоптерска несреќа

Сите девет лица во хеликоптерот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој се урна во северозападниот дел на земјата загинаа, јави иранската државна новинска агенција ИРНА и државната телевизија.

Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан се меѓу деветте загинати, пренесува ДПА.

Хеликоптерот на Раиси, заедно со уште два хеликоптери, бил на пат кон градот Табриз, откако претходно вчера тој ја отвори браната Киз Каласи на границата со Азербејџан.

Локалните власти присутни на местото на несреќата ја потврдија смртта на Раиси и другите патници, јави ИРНА.

притисни ентер